Луфтханза одложи или откажа бројни летови откако падна информатичкиот систем


Луфтханза денеска доживеа голем дефект на информатичкиот систем, поради што мораше да одложи или откаже сè уште непознат број летови, изјави портпаролот на германската авиокомпанија.

Погодени се системите за пријавување и чекирање, што предизвика долго чекање на авионите и патниците на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија.

Компанијата работи напорно за да го реши проблемот, рече портпаролот.

Некои медиуми објавија дека сите авиони на Луфтханза се приземјени, но портпаролот не можеше да го потврди тоа.