Пожар во рудник во Русија, во тек е евакуација на работниците


Пожар избувна во рудникот „Обуховскаја“ во Ростовската област во Русија, а во тек е евакуација на рударите. „Пожарот започнал на ширина од речиси 200 метри во трафостаницата на рудникот „Обуховскаја“ во градот Зверево“, изјавија за Интерфакс службите за итни случаи. „Во рудникот има повеќе од 200 рудари, а евакуацијата е во тек“, соопшти итната помош.

Борисов: Денеска е лесно, од утре станува тешко


Денеска е лесно, од утре ќе биде тешко, изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов по гласањето во средното училиште „Христо Смирненски“ во софиската населба Банките, на денешните вонредни парламентарни избори во Бугарија, петти во последните две години, пренесе БТА. -Тешко ќе биде утре и задутре со оваа галопирачка инфлација, цени, огромни долгови, објасни тој. Борисов …

Борисов: Денеска е лесно, од утре станува тешко Read More »

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник


Триесет и пет студенти од Италија заедно со свои професори од Факултетот за архитектура „Политехнико” од Торино, придружувани од заменик-амбасадорот на Италија во земјава Марио Де Роса, ја посетија Општина Кисела Вода. Заинтересирани за Меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник, дојдоа лично да ја разгледаат оваа градска четврт и да се информираат за некои …

Архитекти од Италија заинтересирани за изработка на ДУП за Расадник Read More »

Општина Центар ја одби Арсовска споменикот на Ќосето да се врати пред судовите


Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска од Општина Центар побарала дозвола за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Општината веднаш го одбила ваквиот предлог на Арсовска, појаснувајќи дека такво барање може да упати до Собранието. Таа поднела барање до Општина Центар да добие согласност за започнување на постапката за враќање на споменикот …

Општина Центар ја одби Арсовска споменикот на Ќосето да се врати пред судовите Read More »

Украинскиот митрополит Павло во домашен притвор


Украинското правосудство одлучи да му одреди домашен притвор во траење од 60 дена на митрополитот Павла, старешина на манастирот Киевско-Печерск лавра, чии монаси беа обвинети за врски со Москва, а на кои им беше наредено да бидат протерани од црквата. „Истражниот судија одлучи на осомничениот да му изрече превентивна мерка куќен притвор во траење од …

Украинскиот митрополит Павло во домашен притвор Read More »

Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада во САД


Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада што ги погодија градовите во јужниот и средниот запад на САД. Силниот ветер оштети куќи, а стотици илјади луѓе останаа без струја, објави денеска Би-би-си. Торнадото најсилно ги погоди американските сојузни држави Вирџинија, Охајо и Пенсилванија, а помина и низ Арканзас, Тенеси, Илиноис, Индијана, Алабама и Мисисипи. Гувернерката …

Најмалку 26 лица загинаа во серијата торнада во САД Read More »

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика и ќе учествува на Светското првенство во Мароко


Тимот ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика од First Lego лигата, што се одржа на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе биде македонски претставник на Светското првенство во роботика што од 18 – 21 мај ќе се одржи во Мароко. Тимот „The Makbot Pioneers“ беше севкупен победник …

СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани победи на државниот натпревар по роботика и ќе учествува на Светското првенство во Мароко Read More »

Хигиеничарите од Општина Центар се префрлаат во ПОЦ, претпријатието ќе врши и комунални услуги


На последната седница на Советот на Општина Центар советниците изгласаа префрлување на хигиеничарите во општинското јавно претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ со што претпријатието ќе извршува и комунални услуги. Префрлувањето на вработените и механизацијата ќе се случи утре, а целта на оваа дополнителна дејност на ПОЦ е ефикасно организирање и одржување на јавната чистота на …

Хигиеничарите од Општина Центар се префрлаат во ПОЦ, претпријатието ќе врши и комунални услуги Read More »

Зеленски воведе десетгодишни санкции


Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе санкции против 33 руски државјани и 225 компании, се вели во декретот објавен на веб-страницата на претседателот. Како што е наведено, десетгодишните санкции вклучуваат замрзнување на имотот, забрана за трговија и одземање лиценци, пренесе ТАС С. Меѓу другото, Зеленски воведе санкции против пратениците од самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР), регионите …

Зеленски воведе десетгодишни санкции Read More »

Катастрофа за паметење: Хаос, прекини, инциденти – Ред Бул победи во Австралија


Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен победи на трката за ГН на Австралија во Мелбурн. Ред Бул ја отвори сезоната доминантно и победи на првите три трки: Верстапен во Бахреин и сега Австралија, и Перез во Џеда на последната трка. Бројни инциденти ја одбележаа оваа трка која ја завршија само десет возачи. Имавме дури три …

Катастрофа за паметење: Хаос, прекини, инциденти – Ред Бул победи во Австралија Read More »

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто


Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Вкупно, во првите два месеца од 2022, во споредба со 2021 година, пак, е помало за 0.5 отсто.  Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос …

Индустриското производство во февруари зголемено за еден отсто Read More »

Во пожар во Велес изгоре човек


Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице. Смртта на лицето ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека …

Во пожар во Велес изгоре човек Read More »

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“


Ансамблот на Националната опера и балет на Република Северна Македонија на Големата сцена на Народниот театар во Белград, гостуваше со најпознатата опера на Џоакино Росини „Севилскиот берберин“, која беше изведена под режисерската палка на Иван Еминовиќ, а во режија на Урсула Хорнер од Австрија, јави дописникот на МИА од Белгад. Белградската публика со повеќекратен аплауз …

Отворен Балкан: Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“ Read More »

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш


Во машката ракометна Супер лига екипата на Алкалоид синоќа му го нанесе првиот пораз сезонава на актуелниот шампион Вардар. Младиот состав предводен од тренерот Кирил Лазаров одигра одличен натпревар против големиот фаворит и на крајот заслужено се радуваше на победата 22:21.   По овој триумф, Алкалоид се изедначи со Еурофарм Пелистер по освоените бодови и …

Супер лига: Алкалоид го победи Вардар, Еурофарм Пелистер гостува кај Тиквеш Read More »

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ


Во Црна Гора утринава во 7 часот се отворија сите 1.162 гласачки места во вториот круг од претседателските избори, а вечерва, по 20 часот, ќе слави само еден од двајцата кандидати – актуелниот шеф на државата и кандидат на ДПС, Мило Ѓукановиќ или кандидатот на Движењето „Европа сега “ (ПЕС), Јаков Милатовиќ. Двајцата кандидати освоија …

Втор круг од претседателските избори во Црна Гора-граѓаните избираат меѓу Ѓукановиќ и Милатовиќ Read More »

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона


 Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе присуствува на 55. меѓународен Саем на вино и алкохолни пијалоци „ВинИтали“, што се одржува во Верона.   За време на посетата на Италија, премиерот Ковачевски, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и …

Ковачевски, Вучиќ и Рама на „Винска визија на Отворен Балкан“ на Саемот за вино во Верона Read More »

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години


Во Бугарија денеска се одржуваат петите вонредни парламентарни избори за помалку од две години. Последните истражувања на јавното мнение кај источниот сосед покажуваат дека на денешните избори нема да има јасен победник . И овој пат се очекува да има слаб одзив на гласачите, бидејќи анкетите покажуваат излезеност од само 39 отсто, а 13 отсто …

Бугарија денеска повторно гласа, петти пат во последните две години Read More »

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) по повод 2 април – „Светскиот ден на аутизмот“ започнува онлајн кампања под наслов „Градење на инклузивно општество за аутистичните луѓе“, а ја спроведува заедно со членовите на Аутизам Европа. Кампањата за 2023 година, како што соопшти Здружението, е можност да се размислува за напредокот постигнат досега за заедницата …

Кампања по повод Светскиот ден на аутизмот Read More »

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи


 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне со повремен …

Променливо облачно, попладне дожд и грмежи Read More »

Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија


Возилото за урбана хигиена на „Брако“, моделот 636, доби сертификат за меѓународен квалитет од германскиот институт TUV од Минхен.   Како што информираше денеска сопственикот на „Брако“, Кочо Анѓушев, возилото 636 е единствен производ од земјава сертифициран директно од TUV Германија, чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. – „Брако“ и својата …

Возило на БРАКО стана единствен македонски производ сертифициран за меѓународен квалитет во лабораторијата на TUV во Германија Read More »