Голем одрон во Грузија: Најмалку шест загинати, се трага по уште 30 лица


Најмалку шест лица загинаа, а околу 30 се сметаат за исчезнати во лизгање на земјиште во планинската област Рача, во северозападна Грузија, соопштија властите на таа земја на Кавказ. Две тела биле пронајдени вчера, а четири денеска, потврди грузиското Министерство за внатрешни работи. „Во погоденото подрачје, во општина Они, спасувачите без одмор ја продолжуваат акцијата …

Голем одрон во Грузија: Најмалку шест загинати, се трага по уште 30 лица Read More »

Дали канцерогениот чипс од Србија го има во македонските продавници?


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) врши проверки дали канцероген чип произведен во Србија завршил на македонскиот пазар. Ако се потврди дека го има во земјата, производот веднаш ќе биде повлечен од продажба. Проверките следат по алармот дека во чипсот е откриено високо ниво на акриламид. „Во Системот за брзо предупредување на ниво на ЕУ …

Дали канцерогениот чипс од Србија го има во македонските продавници? Read More »

Повторно во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беше пријавено труење со храна


Повторно е во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беа уништени повеќе од 200 килограми храна поради пријавено труење. Акцијата, како што вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, се спроведувала од 18 до 21 јули. -Уништивме млечни производи, преработки од месо, риба,…, буквално се што најдовме …

Повторно во функција кујната во детското одморалиште во Охрид каде беше пријавено труење со храна Read More »

МОН: Студентите до 10 август да аплицираат за субвенциониран студентски оброк


Министерството за образование и наука (МОН) потсетува дека во тек е аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2023-2024 година, за тековните студенти. Крајниот рок за пријавување преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk е 10 август, се наведува во денешното соопштение на МОН. – По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле …

МОН: Студентите до 10 август да аплицираат за субвенциониран студентски оброк Read More »

Голем пожар избувна кај Струмица


Голем пожар избувна денеска во 12:45 часот во атарот на село Костурино, кај Струмица. Горат запалено стрниште, нискостеблеста шума и стари гуми. Како што информираа од ТППЕ Струмица пожарот го гаснат пет противпожарни возила и 15 пожарникари. Посочуваат дека пожарот бил во разгорена фаза, но е спречено негово натамошно ширење кон околната шума. Причинета е …

Голем пожар избувна кај Струмица Read More »

ЕВН имал успешен состанок со жителите на Слупчане


Успешен состанок одржаа претставниците на ЕВН и жителите на Слупчане, потврдија за МИА од компанијата и од Oпштина Липково. На денешниот состанок се финализираат техничките детали поврзани со модернизирање на мрежата во селото. Во понеделник, ќе има уште еден состанок. -Денескa повторно се одржа успешен состанок меѓу претставници на ЕВН и претставници на селото Слупчане. …

ЕВН имал успешен состанок со жителите на Слупчане Read More »

Петровска понуди помош на Словенија во справувањето со последиците од невремето


Подаваме рака на пријателска Словенија. Подготвени сме да помогнеме во справувањето со последиците од ова невреме и да покажеме дека вистински пријатели се познаваат во тешки моменти, напиша денеска на својот Фејсбук профил министерката за одбрана Славјанка Петровска. Таа посочи дека со големо жалење ја следат состојбата во Словенија која ја погоди големо невреме и …

Петровска понуди помош на Словенија во справувањето со последиците од невремето Read More »

Литванија прогласи над илјада Белоруси и Руси за закана по државната безбедност


Литванија денеска прогласи повеќе од илјада граѓани на Русија и на Белорусија кои живеат во таа земја за закана по државната безбедност и им ги укина дозволите за постојан престој поради нивните ставови за руската инвазија врз Украина. Владата прво спроведе анкета и побара од Русите и Белорусите да одговорат на прашалникот кој вклучуваше прашања …

Литванија прогласи над илјада Белоруси и Руси за закана по државната безбедност Read More »

ДКСК утврди дека се поткупувало за да се изгради бензинска станица на „Пуцко петрол“ во Карпош


 Државната комисија за спречување на корупцијата одлучи да ја запре постапката за ДУП Општина Карпош бидејќи утврдила состојби кои укажуваат на сомнежи за несовесно работење, искористување на службената положба и поткуп. Антикорупциската комисија ќе достави и иницијатива до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против сите чинители кои учествувале во постапката …

ДКСК утврди дека се поткупувало за да се изгради бензинска станица на „Пуцко петрол“ во Карпош Read More »

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК


Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука двата натпревари од квалификациската фаза во Лигата на шампиони меѓу загрепски Динамо и атински АЕК да се играат без присуство на гостински навивачи. Одлуката, како што наведе УЕФА, е донесена од „безбедносни причини“. Пресметката меѓу Динамо и АЕК е во рамки на третото квалификациско коло во Лигата на шампиони. …

УЕФА забрани гостински навивачи на натпреварите меѓу хрватски Динамо и грчки АЕК Read More »

Пожар во болница во западна Германија: 28 повредени, 5 потешко


Вo пожарот во болница во западна Германија, што се случи вчера доцна вечерта, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а пренесува агенцијата Дпа. Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на околу 30 километри југоисточно од Дортмунд. Персоналот брзо почна да ги евакуира другите пациенти од …

Пожар во болница во западна Германија: 28 повредени, 5 потешко Read More »

Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието


Учениците од основните и средните училишта се најчести посетители на зградата на Собранието во рамки на организираните посети што ги организира Парламентарниот институт.   Во текот на наставната 2022/2023 гподина односно од 1 септември до 14 јуни за време на организираните обиколки, Собранието го посетиле 9.882 лица, од кои најголемиот дел ученици од основните и …

Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието Read More »

Локализиран е пожарот кај Богданци


 Пожарот кај Богданци кај местото Брдаров камен, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева, е локализиран и ставен под контрола, но на одредени места се распламтува, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот го гаснат шеесетина пожарникари и тимови на „Национални шуми“ и комуналното претпријатие на Богданци, кои со брзата интервенција не …

Локализиран е пожарот кај Богданци Read More »

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор


 Американските власти воведоа полициски час за оние кои бараат азил додека чекаат првични проверки по преминувањето на границата. Полицискиот час беше воведен во мај во четири града како алтернатива на притворот, а сега е проширен во уште 13 градови, соопшти Американската служба за имиграција и царина. Се очекува да биде воведен во 40 града до …

Во САД воведен полициски час за барателите на азил наместо притвор Read More »

Пред невремето се чисти атмосферската канализациона мрежа 


Екипите на секторот „Канализација“ при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината …

Пред невремето се чисти атмосферската канализациона мрежа  Read More »

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ


Академијата на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) оваа година ја прими деветта генерација ученици од своето формирање во 2014 година. Дел од фудбалската Академија на ФФМ во новата сезона 2023/24 ќе бидат вкупно 54 деца од генерациите 2009 и 2010. – Со условите кои ги овозможуваме, со поддршката од УЕФА преку програмата за развој, сметам …

Деветта генерација ученици во Академијата на ФФМ Read More »

Борел: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје


Од Жозеп Борел Фонтелес, висок претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија На 17 јули, речиси една година откако беше потпишана во Истанбул, Русија одлучи да не ја обнови Црноморската иницијатива за жито (BSGI) која ѝ дозволува на Украина да извезува земјоделски стоки на глобалните пазари. Како …

Борел: Русија мора да престане да ја користи храната како оружје Read More »

Украина соопшти дека руските сили го гранатирале регионот Херсон 53 пати во изминатите 24 часа


Украина денеска соопшти дека руските сили го гранатирале регионот Херсон 53 пати во изминатите 24 часа, пренесе украинската новинска агенција Укринформ. Информацијата ја соопшти украинскиот регионален гувернер на Херсонската област Олександр Прокудин на „Телеграм“. Во гранатирањето се повредени девет цивили, се наведува во соопштението. Во изјавата на Прокудин се вели дека руските сили на 3 …

Украина соопшти дека руските сили го гранатирале регионот Херсон 53 пати во изминатите 24 часа Read More »

Ја продале својата куќа во Велика Британија и се преселиле на Бали, сега плаќаат 2.500 долари годишно кирија


Брачен пар од Велика Британија го продале својот дом и вредните предмети за да се преселат на Бали, каде што нивната годишна кирија е 2.500 долари. Мет Диринг и неговата партнерка Карли Донели решија да се преселат на Бали од Манчестер и направија храбар чекор да бидат „финансиски слободни“. Двојката не размислувала двапати дали да …

Ја продале својата куќа во Велика Британија и се преселиле на Бали, сега плаќаат 2.500 долари годишно кирија Read More »

„Мош“ и „Интермецо“ повторно казнети за бучава, треба да платат 13.000 евра


Кафулињата „Мош“ и „Интермецо“ повторно се казнети за зголемена бучава, аинспекторите изрекле казна од 13.000 евра, која треба да ја платат во рок од осум дена. Инспекцијата на Општина Центар спровела акција за мерење бучава по  пријави од граѓани за зголемена бучава од гласна музика од угостителските објекти на територијата на општината. Мерењето е спроведено …

„Мош“ и „Интермецо“ повторно казнети за бучава, треба да платат 13.000 евра Read More »