Учениците и средношколците најмногу го посетуваат Собранието


Учениците од основните и средните училишта се најчести посетители на зградата на Собранието во рамки на организираните посети што ги организира Парламентарниот институт.

 

Во текот на наставната 2022/2023 гподина односно од 1 септември до 14 јуни за време на организираните обиколки, Собранието го посетиле 9.882 лица, од кои најголемиот дел ученици од основните и средните училишта.

Преку организирана обиколка на свечениот дел од Собранието, во придружба на професионален водич, учениците имаат можност да се запознаат со историјата на зградата, внатрешноста и најрепрезентативните простории, како и со организацијата и функционирањето на оваа институција.

 

Од Парламентарниот инстиутут наведуваат дека големиот број на посетители се силен сигнал за заложбите на Собранието за промовирање на култура на отвореност на законодавната власт, посебно кај младите луѓе.