Пред невремето се чисти атмосферската канализациона мрежа 


Екипите на секторот „Канализација“ при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, покрај редовните активности за одржување на канализационата мрежа,  во согласност со податоците на УХМР и најавите за невреме во текот на утрешниот ден, спроведуваат и дополнителни активности за расчистување на сливниците и шахтите на критичните точки и сите подвозници во градот,  со цел непрекината функционалност на атмосферската канализациона мрежа. 

Екипите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје се подготвени за интервенции и навремени реакции и во текот на утрешниот ден, во согласност со условите и во зависност од интензитетот и количината на водениот талог, со цел задоволување на потребите на граѓаните и градот Скопје.