Ја продале својата куќа во Велика Британија и се преселиле на Бали, сега плаќаат 2.500 долари годишно кирија


Брачен пар од Велика Британија го продале својот дом и вредните предмети за да се преселат на Бали, каде што нивната годишна кирија е 2.500 долари.

Мет Диринг и неговата партнерка Карли Донели решија да се преселат на Бали од Манчестер и направија храбар чекор да бидат „финансиски слободни“.

Двојката не размислувала двапати дали да ја продаде својата куќа со три спални за 465.000 долари или да го замени животот на плаќање сметки секој ден – за туризмот и топлото време што Индонезија ги нуди во текот на целата година.

Преселбата во дом од 2.500 долари годишно во Убуд, исто така, им овозможува на родителите да поминуваат што е можно повеќе време со нивните три деца – Линколн, Далила и Аделаид.

Во ноември минатата година тие резервираа билети во еден правец, иако нивните роднини мислеа дека се „луди“ и не веруваа дека тоа ќе помине.

„Ова е нешто што сакавме да го направиме со години. Во Велика Британија дојде до точка што не поминував многу време со моите деца. Поминував околу еден час со нив пред спиење. Постојано бркав обврски и работев. Многу го истражував Бали бидејќи има туризам преку целата година, а времето е одлично“, изјави Мет.

Тој додава дека конечно е време да се „избега од трката со стаорци“ поради која понекогаш работел и по десет часа седум дена во неделата.

Во март 2023 година, по многу истражувања, парот пронашол куќа со три спални на Бали за изнајмување за само 2.500 долари годишно, како и парцела од близу 1.200 квадратни метри за 130.000 долари.

Сега планираат да изградат сопствен дом, што ќе им заштеди вкупно 266.000 долари.

Градат две куќи со четири или пет соби, а имаат куќа на посебна парцела во која ќе живеат додека трае изградбата.