Во Шпанија од поплава спасено дете кое осум часа се држело за дрво


Десетгодишно момче од Шпанија е спасено откако осум часа се држело за дрво за да не го однесе надојдената вода, која досега во земјата усмрти најмалку пет лица. Семејството на момчето престојувало во викендичка во градот Алдеа дел Фресно, западно од Мадрид, а кога во неделата започнало невремето, заминале со автомобил, кој го однела водата. …

Во Шпанија од поплава спасено дете кое осум часа се држело за дрво Read More »

МТСП: Градинките на истокот се без кадар, оти не знаат да пополнуваат табели


По вчерашната прес-конференција на градоначалниците на општините Штип, Свети Николе, Карбинци и Зрновци дека детските градинки имаат проблем со недостаток на кадар и поради тоа се запишани помал број на дечиња, а до Министерството за труд и социјална политика доставени се барања за согласност за вработување на негувателки, воспитувачки и технички персонал, а одговор се …

МТСП: Градинките на истокот се без кадар, оти не знаат да пополнуваат табели Read More »

Поповиќ: Да се заштити системот на носење на одлуки за да се намали можноста од корупција


Државата треба да го заштити системот на носење на одлуки, почитувајќи ги и правејќи ги ефикасни механизмите кои го овозможуваат тоа, за да се заштити јавниот интерес и да се намали можноста за евентуални коруптивни дејствија, оцени денеска Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување при Институтот за демократија „Социетас цивилис – Скопје“. -Зборуваме …

Поповиќ: Да се заштити системот на носење на одлуки за да се намали можноста од корупција Read More »

Општина Градско обезбеди бесплатен училишен оброк од 188 основци


Општина Градско од први септември во новата учебна година како редовен школски оброк за 188 основци од прво до петто одделение од ООУ„Даме Груев“ во Градско, и подрачните училишта во селата Виничани, Ногаевци, Кочилари и Водоврати. Како што инфрмира градоначалникот Киро Нацков, востановен е и одобрен бесплатниот училишен оброк е одобрен од Советот на негова …

Општина Градско обезбеди бесплатен училишен оброк од 188 основци Read More »

Србија прв полуфиналист на СП во кошарка


Кошаркарите на Србија се првите полуфиналисти на Светското првенство, откако попладнево во воведниот четвртфинален дуел убедливо ја совладаа Литванија во Манила со 87-68 (24-25, 25-13, 24-17, 14-13). До место меѓу четирите најдобри селекции на кошаркарскиот Мундијал што се одржува во Јапонија, Индонезија и Филипини, репрезентацијата на Србија ја предводеше Богдан Богдановиќ со 21 поени, додека …

Србија прв полуфиналист на СП во кошарка Read More »

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“


По повод 60 години од скопскиот земјотрес, Јуроп хаус го отвора архитектонскиот конкурс насловен „Скопје на новата генерација“ преку кој се повикуваат млади архитекти и урбанисти да оставаат свој белег во архитектурата на главниот град. Ова не е само конкурс за разубавување на градот туку и повик преку кој ќе се подобри пристапот кон заборавените места …

Отворен архитектонски конкурс „Скопје на новата генерација“ Read More »

МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание


Министерството за образование и наука, во врска со информацијата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за „Состојбата со обезбедување на учебници во основното образование за учебната 2023/24“, укажува дека изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание. Согласно законските и подзаконските акти, навремено се започнати и …

МОН: Изработката на учебници е комплексен процес што зависи од повеќе фактори, независни од системско влијание Read More »

Расте бројот на заразени од Ковид во Албанија, погодени и новороденчиња


 Во Албанија случаите на корона вирус секојдневно се зголемуваат, односно се зголемува инциденцата на зараза, при што на некои од заразените им е потребна хоспитализација, потврдуваат стручни лица од Институтот за јавно здравје. -Инциденцата е зголемена од 2,65 на 2,9 во текот на месец август на 100.000 жители. Не сме имале многу сериозни случаи, но …

Расте бројот на заразени од Ковид во Албанија, погодени и новороденчиња Read More »

Фатен малолетен крадец во Кавадарци, му нашле 15 велосипеди


Вчера, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15 – годишник од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди различна марка за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби, извршени во периодот од 28.06. до 04.09.2023. Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно …

Фатен малолетен крадец во Кавадарци, му нашле 15 велосипеди Read More »

ЕСМ чекаше дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“


АД ЕСМ е подготвен, по добиена дозвола од Градот Скопје, да ги постави новите топловодни цевки на мостот „Беласица“ и ќе вложи максимални напори нивната монтажа да се заврши во најкраток можен рок, велат од претпријатието денеска.  Опожарувањето на мостот не е причина за одложување на стартот на следната грејна сезона, која почнува во октомври …

ЕСМ чекаше дозвола од Град Скопје да ги постави цевките за парно под мостот „Беласица“ Read More »

Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди


  Продолжуваат инвестициите и проектите со кои се унапредува образовниот процес во училиштата во Аеродром.   Во период кога учениците низ цела Македонија се соочуваат со недостаток на учебни материјали и учебната година ќе ја започнат во неизвесност, во Аеродром секој четвртоодделенец добива нов таблет-уред.    Градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на советот Дејан Митески, …

Втора година по ред, учениците од четврто одделение добија нови таблет уреди Read More »

ФОТО Кинескиот ѕид оштетен од работници. Ископаа дупка за да помине багерот


Градежни работници оштетија дел од Кинескиот ѕид во провинцијата Шанкси додека се обидувале да направат покус пат за багерите до локацијата на која требало да градат. Полицијата наведува дека привела двајца осомничени работници и дека е отворена истрага за инцидентот. Во близина на познатиот споменик работеле 38-годишен маж и 55-годишна жена и ископале премин, односно …

ФОТО Кинескиот ѕид оштетен од работници. Ископаа дупка за да помине багерот Read More »

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита


 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2023 година. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и …

МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита Read More »

Изгаснат мал пожар на скопската депонија Дрисла


Мал пожар избувнал утрово на скопската депонија Дрисла кој набргу бил изгаснат од страна на БППЗ Скопје, информира директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов.  Вчера не е регистриран нуту еден пожар на отворен простор.

Македонските одбојкари денеска против Холандија за второ место во групата


Откако и теоретски го обезбедија пласманот во осминафиналето на Европското првенство, македонските одбојкари попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје за противник ја имаат Холандија во битка за второто место во групата Ц и полесен противник во нокаут фазата која ќе ја продолжат во Бари. Со двете победи, над Данска (3-1) и …

Македонските одбојкари денеска против Холандија за второ место во групата Read More »

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение


Претставници на семејствата на 14 луѓе кои го загубија животот во пожарот во модуларната болница во Тетово на 8 септември 2021 година преку јавни протести ќе бараат да има ново обвинение. Тие денеска во СВР Тетово пријавија дека во петок 8 септември на двегодишнината од пожарот ќе организирааат марш и јавен протест со барање да …

Семејствата на починатите во пожарот во модуларата болница бараат ново обвинение Read More »

Српската опозиција бара итни парламентарни и избори во Белград


Бараме итно распишување на вонредни парламентарни и избори во Белград до крајот на оваа година како прв чекор на опозицијата по промената на прогресивниот режим да ги исполни барањата на граѓаните, најавија организаторите на протестот „Србија против насилството“. Како што истакна претседателот на Демократската партија (ДС), Зоран Лутовац, барањата на граѓаните кои протестираат не се …

Српската опозиција бара итни парламентарни и избори во Белград Read More »

Претрес во Митрашинци, пронајден динамит


Денеска, во 6 часот во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основен суд Кочани, извршен е претрес во домот на Б.Б. (63) во Митрашинци. При извршениот претрес во куќата во која што тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограми) и 9 м бавногоречки фитил. Б.Б. е лишен од слобода …

Претрес во Митрашинци, пронајден динамит Read More »

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки


Сите тетовски градинки без исклучок се места каде има огромни купишта смет оставени покрај преполните контејнери, па наликуваат на депонии среде урбана средина. Кај градинката Поток, комуналното претпријатие ги отстрани контејнерите од пред објектот, со цел да се оневозможи оставање смет пред самиот влез. Поставен беше само еден контејнер во дворот, одзади објектот за потребните …

Со години нема решение за депониите пред тетовските градинки Read More »

Ученици од „Песталоци“ освоија 44 медали на Детската олимпијада во знаење


Општина Центар е горда на шесте ученици Максим Танески, Андрија Крстиќ, Петар Калкашлиев, Корнелија Паниан, Калина Чакаровска и Ангела Ристеска од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ кои освоија 44 медали на престижната Детската олимпијада во знаење која се одржа во Лондон. Пред градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги споделија искуствата, среќата и импресиите од престојот …

Ученици од „Песталоци“ освоија 44 медали на Детската олимпијада во знаење Read More »