Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година?


Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за …

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година? Read More »

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно!


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за …

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно! Read More »

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од …

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја Read More »

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување


  Бројот на младите меѓу двата пописи, оној од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест отсто покажаа анализите од  „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои денеска беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за …

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување Read More »

Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата


„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да …

Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата Read More »

Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија


Австралиската полиција, за време на истрагата за убиството на жената чии останки беа пронајдени во бетонски ѕид минатата година, ја идентификуваше жртвата и рече дека била убиена пред повеќе од една деценија. Тања Ли Гловер, родена во 1971 година, имала оштетен вид и слух и имала приближно 38 години во моментот на нејзината смрт, соопшти …

Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија Read More »

ЦРТА: Во изминатите 40 денови Вучиќ им се обратил на граѓаните 30 пати


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите 40 дена 30 пати директно им се обратил на граѓаните преку телевизија со национална фреквенција, соопшти ЦРТА. Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) наведува дека во анализата е анализиран периодот од 1 јули до 9 август годинава. Како што додадоа, за денеска е најавен уште еден „ексклузивен …

ЦРТА: Во изминатите 40 денови Вучиќ им се обратил на граѓаните 30 пати Read More »

МВР вработува 600 полицајци – 300 за Скопје, 100 за Охрид


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти. Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, …

МВР вработува 600 полицајци – 300 за Скопје, 100 за Охрид Read More »

Убиен претседателски кандидат во Еквадор – прогласена 60 дневна вонредна состојба


Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја  по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио. Претседателскиот кандидат на Еквадор Фернандо Вилависенсио бил убиен во средата вечерта на крајот од предизборниот митинг во Кито, објави шефот на државата Гиљермо Ласо. Вилависенсио беше еден од осумте кандидати на претседателските …

Убиен претседателски кандидат во Еквадор – прогласена 60 дневна вонредна состојба Read More »

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија


Пекинг официјално испрати протест до САД поради наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден за ограничување на технолошките инвестиции во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. „Кина е крајно незадоволна и силно се спротивставува на инсистирањето на САД за воведување ограничувања на инвестициите во Кина“, рече портпаролот на Министерството. Бајден вчера потпиша извршна наредба …

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија Read More »

Пет неочекувани причини зошто нагло се здебелуваме


Одржувањето на посакуваната телесна тежина за многумина не е лесна задача, а диететичарите 0 предупредуваат дека одредени работи можат дополнително да придонесат за зголемување на килограмите. Според Men’s Health, многу луѓе не знаат дека токму овие навики или појави можат да предизвикаат нагло дебелеење. Сол Внесувањето сол или натриум предизвикува несакано задржување на водата во …

Пет неочекувани причини зошто нагло се здебелуваме Read More »

Утре, без струја дел од Кисела Вода и Центар


ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар. Од 8.30 до 11 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Партениј Зографски“, „Рилски конгрес“, „Востаничка“ и „Славејко Арсов“, во општина Кисела Вода. Од 9 до 11 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од дел …

Утре, без струја дел од Кисела Вода и Центар Read More »

Германскиот сектор за недвижности е во криза


Германија долго време има корист од ерата на евтини пари што поттикна децениски бум на недвижностите, но секторот сега се соочува со голем пресврт. Во најновите знаци на стрес во секторот, најголемата германска групација за недвижности „Vonovia“ известува за загуби и отпишувања од повеќе милијарди евра, а растот на работните места за градежните работници е …

Германскиот сектор за недвижности е во криза Read More »

Фејсбук месинџер во септември ја исклучува СМС поддршката


Во 2016 година Facebook ја воведе опцијата за праќање и примање на SMS пораки преку апликацијата Facebook Messenger, но оваа опција наскоро ќе биде укината. Според информациите достапни на Help Centre страницата на Facebook, корисниците кои го користат Messenger како главна апликација за SMS пораки нема да можат да праќаат и да примаат пораки откако …

Фејсбук месинџер во септември ја исклучува СМС поддршката Read More »

Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет


Полицијата од Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама“. – Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување …

Измамничка собрала над 1.000 евра – лажела дека парите ѝ се за лекување на децата и за факултет Read More »

Општина Гази Баба донира финансиска помош за Словенија


Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, во Фејсбук објава соопшти дека денеска имал средба со Татјана Ковачич, овластен министер во амбасадата на Словенија во земјава, каде што истакнал дека Општина Гази Баба е подготвена да донира финансиска помош за справување со последиците од поплавите, како и да испрати два тимови на луѓе да помогнат …

Општина Гази Баба донира финансиска помош за Словенија Read More »

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија


Германски државјанин идентификуван само како Томас Х. е уапсен денеска во Кобленц под обвинение дека се обидел да шпионира за Русија, а неговиот стан и работното место биле претресени, соопштија федералните власти. Германскиот сојузен обвинител во кратка писмена изјава наведе дека човекот работи за германската војска, во Канцеларијата за опрема, информатичка технологија и сервисна поддршка …

Германија уапси вработен во армијата, осомничен за шпионажа за Русија Read More »

Починато лице пронајдено во хотел во Скопје


Денеска во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција. – Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, инфомира МВР. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба …

Починато лице пронајдено во хотел во Скопје Read More »

Во пожарот во француското одморалиште за лица со посебни потреби загинаа 11 лица


Единаесет лица се пронајдени под урнатините во одморалиштето за возрасни лица со посебни потреби во францускиот град Винтзенхајм, откако претходно во него избувна пожар, изјави попладнево Натали Килвасер, заменик јавен обвинител на блискиот град Колмар, пренесе ДПА. Претходно, 10 лица со инвалидитет и негувател се водеа како исчезнати по пожарот во оддалечениот кварт Винтценхајм. Не …

Во пожарот во француското одморалиште за лица со посебни потреби загинаа 11 лица Read More »

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави


Брана на норвешка река денеска делумно се урна, а водата почна да се излева низ процепната дупка во средината на објектот. На инцидентот му претходеа повеќедневни силни поплави во областа. Браната Браскерајдфос на реката Глома, најголемиот воден пат во Норвешка, не можела да ги отвори вратите откако нејзината контролна соба се поплавила. Полицијата претходно размислуваше …

Пукна брана на вештачко езеро во Норвешка, се очекуваат нови поплави Read More »