Утре, без струја дел од Кисела Вода и Центар


Фото: Б. Грданоски

ЕВН за утре најавува дека без струја ќе бидат дел до општините Кисела Вода и Центар.

Од 8.30 до 11 часот, утре без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците: „Партениј Зографски“, „Рилски конгрес“, „Востаничка“ и „Славејко Арсов“, во општина Кисела Вода.

Од 9 до 11 часот, утре без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. „Костурски Херои“ (од бр. 49 до бр. 57) во општина Центар.