Фејсбук месинџер во септември ја исклучува СМС поддршката


Во 2016 година Facebook ја воведе опцијата за праќање и примање на SMS пораки преку апликацијата Facebook Messenger, но оваа опција наскоро ќе биде укината.

Според информациите достапни на Help Centre страницата на Facebook, корисниците кои го користат Messenger како главна апликација за SMS пораки нема да можат да праќаат и да примаат пораки откако ќе ја инсталираат надоградбата на апликацијата која треба да се појави на 28 септември.

Од Facebook упатија совет до корисниоците на Android уреди да се префрлат на апликацијата Google Messages или да ја користат фабричката апликација за допишување преку SMS.