Починато лице пронајдено во хотел во Скопје


Фото: Б. Грданоски

Денеска во 05.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, од Итна медицинска помош било пријавено дека во хотел на бул. „Крсте Мисирков“ бил пронајден починат Д.Т.(87) од Република Турција.

– Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, инфомира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.