ЈП Лајка: Рекорден број кучиња стерилизирани во октомври


Во текот на месец октомври, Јавното претпријатие Лајка има стерилизирано и кастрирано 134 кучиња, од кои 82 женки и 52 мажјаци, доколку пак, вдомило 37 кучиња. -Со овие спроведени кастрации и стерилизации сме превенирале разможување на 134 кучиња, односно на 134 здрави репродуктивни единки. Со тоа се намалува стапката на бездомни кучиња на улиците, ЈП …

ЈП Лајка: Рекорден број кучиња стерилизирани во октомври Read More »

До 2028 година Албанија во одбраната ќе инвестира околу 800 милиони евра


Во наредните години се очекува Албанија да потроши стотици милиони евра повеќе за одбрана, додека времето во кое земјата можеше да заштеди од овој сектор за да инвестира во економски и социјален развој се чини дека заврши, констатира во својата анализа БИРН. -Плановите за воени трошоци во предлог-државниот буџет за 2024 година, објавени на веб-страницата …

До 2028 година Албанија во одбраната ќе инвестира околу 800 милиони евра Read More »

Словенечка групација ќе го чисти Тетово


Градоначалникот на Тетово Биљал Касами со претставници на словенечката компанија од групацијата Саубермахер го потпишаа договорот за јавно приватно партнерство со кој на фирмата ѝ се отстапува стопанисувањето со отпадот. Касами истакна дека заедно со групацијата направени се анализи и студии во однос на управувањето со отпад, поточно за собирање и депонирање. -Должностите и обврските …

Словенечка групација ќе го чисти Тетово Read More »

Пожар избувна во фабрика во Горно Седларце, маж со повреди пренесен во болница


Вчера во 14 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека настанал пожар во фабрика во тетовско Горно Седларце, покрај автопатот Гостивар-Тетово. Вработен во фабриката С.И.(35) од Боговиње, при гаснењето на пожарот, се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Опожарени се суровини за производство …

Пожар избувна во фабрика во Горно Седларце, маж со повреди пренесен во болница Read More »

Едно лице настрада во пожар во охридското село Требеништа


 Едно лице го загуби животот, а две се повредени во пожар што утрово избувна во куќа во охридското село Требеништа. Командирот на Територијалната противпожарна единица Охрид, Борко Јанкулоски, за МИА изјави дека утрово во 8:25 часот било пријавено во Противпожарната единица за пожар во станбен објект во Требеништа, при што на лице место биле испратени …

Едно лице настрада во пожар во охридското село Требеништа Read More »

Холандска министерка предлага именување на еврокомесар за одбрана


Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен предлага во составот на следната Европска комисија да има и комесар за одбрана, чија надлежност би биле набавките на оружје и воените трошоци во ЕУ.  – Мислам дека би било добра идеја следната Европска комисија да има европски комесар кој сто проценти од своето време ќе го посвети на …

Холандска министерка предлага именување на еврокомесар за одбрана Read More »

Путин собра дополнителни 1 милијарда евра преку дупката во санкциите во Бугарија


Русија годинава заработи околу една милијарда евра само на сметка на најголемата руска приватна нафтена компанија „Лукоил“, искористувајќи ги дупките во правилата на санкциите на ЕУ, со помош на една од членките на Унијата – Бугарија. Искористувајќи го единственото ослободување од забраната на ЕУ за увоз на руска нафта, Бугарија дозволи милиони барели од Русија …

Путин собра дополнителни 1 милијарда евра преку дупката во санкциите во Бугарија Read More »

„Ученички се продаваат за пари”: Детскиот криминал во Тетово е алармантен, институциите не соработуваат


Ученички кои се продаваат за пари, пиштоли во училиштата, употреба на дрога, кражби, зголемено учество на децата во криминал се само дел од девијантните однесувања на учениците во Тетово, беше кажано на работилницата на тема „Улогата на образовните институции и општината во превенцијата на детската деликвенција“, пишува Порталб.мк Ученички кои се продаваат за пари, пиштоли …

„Ученички се продаваат за пари”: Детскиот криминал во Тетово е алармантен, институциите не соработуваат Read More »

Почина командантот на Аполо 8


Американскиот астронаут Френк Борман, кој беше командант на мисијата Аполо 8, почина на 95-годишна возраст, соопшти американската вселенска агенција НАСА. Борман почина во вторникот во Билингс, Монтана, САД, објави НАСА. „Денес се сеќаваме на еден од најголемите луѓе на НАСА. Астронаутот Френк Борман беше вистински американски херој“, изјави администраторот на НАСА Бил Нелсон. Како командант …

Почина командантот на Аполо 8 Read More »

Македонските кошаркарки поразени од Португалија на стартот на евроквалификациите


 Македонската женска кошаркарска репрезентација со пораз ги почна квалификациите за Европското првенство во 2025, откако синоќа загуби на гостински терен од Португалија со 65-52 (34-27). Избраничките на селекторот Александар Ашаданов беа рамноправен противник на паркетот во салата во Матосињос до завршните десет минути и во неколку наврати имаа водство во второто полувреме кое изнесуваше највисоки …

Македонските кошаркарки поразени од Португалија на стартот на евроквалификациите Read More »

ЗНАМ одржа основачко собрание, за претседател избран Максим Димитриевски


Политичката партија Движење ЗНАМ – За Наша Македонија денеска во Куманово одржа основачко собрание. На собранието, како што соопшти партијата, присуствуваа поддржувачи од целата држава. За претседател е избран Максим Димитриевски, а за дел од работното Претседателство се именувани Катерина Тодороска и Емил Јанески. Димитриевски е избран на предлог на Жанета Делова, претседателка на Здружението …

ЗНАМ одржа основачко собрание, за претседател избран Максим Димитриевски Read More »

Во Монтреал пукаа во еврејски училишта


Две еврејски училишта синоќа биле мета на пукање, соопшти денеска полицијата во Монтреал. Припадниците на училишниот персонал откриле дупки од куршуми на фасадите на училиштата, но во текот на ноќта, во моментот на нападот, во нив немало никој, пренесува АП. Канадскиот премиер Џастин Трудо одговори на пукањето, велејќи дека Канаѓаните мора најостро да го осудат …

Во Монтреал пукаа во еврејски училишта Read More »

Истрага за синот кој го избодел таткото до смрт во Скопје – и откако паднал продолжил да го боде


за убиство при семејно насилство во Скопје 09/11/2023 21:15 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, осомничениот, при вршење семејно насилство, на 7 ноември го лишил …

Истрага за синот кој го избодел таткото до смрт во Скопје – и откако паднал продолжил да го боде Read More »

Затруената вода во Хрватска имала рН 13,6, нормално водата има pH вредност 7


Раководителката на Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“, Андреа Ледиќ, за централниот Дневник на ХРТ изјави дека во шишето со минерална вода, кое им било доставено по труењето во Риека, пронашле хемиски состав што укажува дека е средство за чистење и одмастување. Таа откри дека останатите шишиња со пијалоци кои дошле на …

Затруената вода во Хрватска имала рН 13,6, нормално водата има pH вредност 7 Read More »

(Фото) Авион од Лондон полета со четири скршени стакла, два немаа стакло


 Авион на Ербас А321 полетал од лондонскиот аеродром „Стенстед“ минатиот месец со оштетени два прозорци, додека другите два се водат за исчезнати, според британските истражители на воздушни несреќи. Девет патници и 11 членови на екипажот се наоѓале во авионот кој летал за меѓународниот аеродром „Орландо“ во Флорида на 4 октомври, со штета предизвикана од осветлувањето …

(Фото) Авион од Лондон полета со четири скршени стакла, два немаа стакло Read More »

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација за 90 дена. Во меѓувреме, Русија изврши два ракетни напади врз украински цивилни цели. Законите што вчера ги усвои украинскиот Парламент ја продолжуваат вонредната состојба и општата мобилизација до 14 февруари 2024 година. Воена состојба беше воведена во Украина …

Зеленски потпиша закони за продолжување на воената состојба и општа мобилизација Read More »

Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди


Инспекторите во Црна Гора во септември уништиле околу 20 тони банани кои содржеле пестициди во поголема количина од дозволената, јавува Радио и телевизија на Црна Гора (РТЦГ), повикувајќи се на извештајот на Управата за безбедност на храна, ветеринарни и фитосанитарни работи. Како што е наведено во документот, уништени се 19.591 килограм банани бидејќи во нив …

Црна Гора: Уништени 20 тони банани поради премногу пестициди Read More »

Евростат: Во ЕУ во 2021 година работеле 31 милион компании со 156 милиони вработени


Вкупно 31 милион компании работеле во ЕУ во 2021 година. Тие вработувале 156 милиони луѓе, соопшти денеска Евростат. Микропретпријатијата и малите фирми со до 49 вработени имале 98 отсто учество во овој број фирми. Овие компании вработувале вкупно 75,8 милиони луѓе или 49 отсто од сите вработени, а произвеле стоки или услуги за 3,3 милијарди …

Евростат: Во ЕУ во 2021 година работеле 31 милион компании со 156 милиони вработени Read More »

Германскиот министер за одбрана презентира план за зајакнување на армијата


 Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денеска изјави дека реформите во воената бирократија на земјата ќе бидат забрзани како дел од тековните промени кои имаат за цел да ги направат силите поспособни да ја бранат Германија и нејзините сојузници, јави ДПА. „Бавните програми за купување опрема треба да се забрзаат“, рече Писториус на претставувањето на …

Германскиот министер за одбрана презентира план за зајакнување на армијата Read More »

Почина момчето кое беше застрелано на училиште во Германија


Во Офенбург на југоистокот на Германија, 15-годишен ученик застрелал врсник кој починал во болница денеска среде настава во училиште, соопшти полицијата. „Повредениот ученик во меѓувреме починал во болница“, се вели во соопштението на полицијата. Според полицијата, во четвртокот околу пладне 15-годишно момче влегло во училница во училиште во Офенбург во сојузната покраина Баден-Виртемберг и тешко …

Почина момчето кое беше застрелано на училиште во Германија Read More »