Во Монтреал пукаа во еврејски училишта
Две еврејски училишта синоќа биле мета на пукање, соопшти денеска полицијата во Монтреал.
Припадниците на училишниот персонал откриле дупки од куршуми на фасадите на училиштата, но во текот на ноќта, во моментот на нападот, во нив немало никој, пренесува АП.
Канадскиот премиер Џастин Трудо одговори на пукањето, велејќи дека Канаѓаните мора најостро да го осудат насилниот антисемитизам.
„Тоа не сме ние, тоа не ме Канаѓани. Ние сме земја која успеа подобро од која било друга во разбирањето и почитувањето на различните перспективи“, рече Трудо.
Премиерот на Квебек Франсоа Лего изјави дека тоа што се случило во училиштата не може да се толерира.
Три лица беа повредени, а едно уапсено на Универзитетот Конкордија во Монтреал во средата по неколку инциденти за кои полицијата рече дека се поврзани со војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас.