Во Пустец почнува 11.Македонско културно лето


Со концерт на Влатко Лозановски и Димитар Андоновски и гостување на Театарот за деца и младинци со претставата „Црвенкапа“, вечер во Преспа во општина Пустец, Албанија, ќе биде отворено 11. Македонско културно лето, организирано од Здружението на Македонците со потекло од Албанија „Сонце“ од Скопје. На фестивалот утре и задутре ќе гостува театарот „Антон Панов“ …

Во Пустец почнува 11.Македонско културно лето Read More »

Учениците на распуст, училиштата се обновуваат


Додека учениците се на одмор, дел од училиштата се обновуваат. Комплетна замена на стариот со нов под во училниците и низ ходниците се врши во средно угостителско-техничко училиште „Лазар Танев“ во Скопје, каде што учат околу 700 ученици. Станува збор за монтажен објект, стар 54 години. „Активностите околу реконструкцијата се одвиваат непречено“, вели директорот Зоран …

Учениците на распуст, училиштата се обновуваат Read More »

Македонска експедиција го искачи врвот Дамаванд во Иран


Четиричлена македонска планинарска експедиција успешно го искачи врвот Дамаванд, кој со 5.671 метар надормска височина е највисокиот врв на Иран и највисок вулкански врв на Евроазискиот континент. Успешното искачување македонската експедиција составена од планинарите Иван Трпков, Александар Ивановски, Пеце Караболов и Боби Цветков го направи вчера на 24 јули. Четворицата планирани се членови на Планинарскиот …

Македонска експедиција го искачи врвот Дамаванд во Иран Read More »

Мицкоски на средбата со Рот: Нема да го поддржам договорот со Грција


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаил Рот. На средбата, како што соопштија од партијата, биле афирмирани добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија. Мицкоски на средбата истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која искрено се заложува за интеграција на Република …

Мицкоски на средбата со Рот: Нема да го поддржам договорот со Грција Read More »

Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести 


Tри дечиња со  дијабетес, на три, девет и 14-годишна возраст  се хоспитализирани се на ЈЗУ Клиника за детски болести во периодот од 17 до 24 јули. Првиот пациент е примен на 17 јули и станува збор за дете на возраст од три години, кое е упатено од матичен педијатар по направени првични анализи кои укажувале на …

Три деца со дијабет хоспитализирани на Клиниката за детски болести  Read More »

Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес


Во тек е процедура во институциите за утврдување дали има пропуст во стручноста во водењето на трите деца со дијабетес тип 1, од Свети Николе, Гевгелија и Охрид, кои во состојба на кетоацидоза се примени во Клиничкиот центар во Скопје. Баланс МК: 14-годишно дете е во кома на КАРИЛ оти не му откриле дијабет! Ова …

Се утврдува дали има пропуст во текот на лекувањето на трите деца со дијабетес Read More »

Противпожарна служба на Грција: Најмалку 74 загинати, 187 повредени


На 74 лица се искачи бројот на жртвите во пожарите во околината на Атина, додека пак повредени се 187 лица, од кои 23 деца, соопшти портпаролката на грчката противпожарна служба, јави дописничката на МИА од Атина. – Последните официјални податоци се следните: бројот на загинати се се искачи на 74 лица. Вкупниот број на повредени …

Противпожарна служба на Грција: Најмалку 74 загинати, 187 повредени Read More »

Тони Паркер по 17 години во Сан Антонио премина во Шарлот


Францускиот кошаркар Тони Паркер официјално стана дел од Шарлот хорнетс, откако потпиша двегодишен договор со тоа што втората година не е загарантирана. Тоа значи дека Шарлот следното лето има право да одлучи дали ќе ја активира втората половина од договорот. Доколку се реализира комплетниот договор, Паркер за двете сезони ќе заработи 10,25 милиони долари. Тој …

Тони Паркер по 17 години во Сан Антонио премина во Шарлот Read More »

Во Македонија 341 корисник во згрижувачко семејство


На ниво на Македонија има 172 згрижувачки семејства со 341 корисник, од нив 302 малолетни лица и 18 лица со посебни потреби. Згрижувачките семејства се од сите социјални категории. За секој корисник семејствата добиваат по 9.870 денераи месечен надоместок. Да бидат згрижени чекаат 200 деца. Ова за МИА го изјави Соња Атанасова, претставник на Министерството …

Во Македонија 341 корисник во згрижувачко семејство Read More »

Општинските училишта во Битола должат 4,5 милиони евра


Општина Битола информира дека училиштата чиј основач е локалната самоуправа кон разни добавувачи за извршени услуги должат 4,5 милиони евра. Во соопштението до јавноста испратено преку секторот за односи со јавност, градоначалникот на општина Битола Наташа Петровска, истакнува дека со блокирани сметки се најголем дел од основните училишта и две општински средни училишта. – Ваквата …

Општинските училишта во Битола должат 4,5 милиони евра Read More »

Косовската Влада на седница, се очекува повлекување на одлуката за царините


Во следните неколку часа се очекува косовската Влада да се произнесе околу одлуката за зголемените царини за овошјето и зеленчукот, соопшти денека министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Николовски на прес-конференција во Владата рече дека очекува позитивен исход, односно повлекување на мерката. – Одлуката мора да биде повлечена. Сите разговори одат во тој правец. Во постојана …

Косовската Влада на седница, се очекува повлекување на одлуката за царините Read More »

Деспостовски: Фирмите што добија грант да кажат дали имаат функционер сопственик


Сите компании кои аплицираа за грантови на повикот од Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат повикани во рок од 15 дена да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат поврзаност со носител на јавна функција. Проектите на фирмите што ќе декларираат такво нешто, како што рече директорот на ФИТР, Јован Деспотовски, повторно …

Деспостовски: Фирмите што добија грант да кажат дали имаат функционер сопственик Read More »

Заев: Блиску сме до ЕУ и НАТО, не прифаќаме неодговорни ултиматуми


Многу сме блиску до реализацијата на стратешките цели на Република Македонија – членството во ЕУ и НАТО, и нема да дозволиме процесот да го нарушат или да го доведат во ризик неодговорни ултиматуми. Остануваме посветени до крај да стигнеме до решенија кои ќе овозможат услови за фер референдум во интерес на граѓаните на нашата земја, …

Заев: Блиску сме до ЕУ и НАТО, не прифаќаме неодговорни ултиматуми Read More »

Тридневна национална жалост во Грција за жртвите од пожарите


Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска прогласи тридневна национална жалост за 50 жртви од пожарите во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас во телевизиското обраќање до јавноста рече дека „не постојат зборови што ќе ги опишат чувствата на сите, а земјата живее неопислива трагедија“ – Денес Грција жали и во сеќавање на оние што …

Тридневна национална жалост во Грција за жртвите од пожарите Read More »

Села: Алијанса на Албанците ќе има амандмани при отворање на Уставот


Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села смета дека неговата партија е вистинската опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на БЕСА на Билал Касами. Села денеска на прес-конференцијата во Собранието на РМ најави дека Алијансата на Албанците при отворањето на Уставот …

Села: Алијанса на Албанците ќе има амандмани при отворање на Уставот Read More »

Игор Спасов привремено пуштен од затвор, имал здравствени проблеми


Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешкоски привремено е пуштен од затворот Идризово поради здравствени проблеми. Од Управата за извршување на санкции велат дека поради здравствени испитувања, Спасов првично добил прекин на издржување на затворската казна од 15 дена, а потоа судот врз основа за медицинската документација му го продолжил прекинот. Директорот на Управат …

Игор Спасов привремено пуштен од затвор, имал здравствени проблеми Read More »

Талат Џафери ја мажи ќерката


Претседателот на Собранието  Талат Џафери овие денови ќе биде отсутен  од Парламентот поради приватни обврски. Тој деновиве на големо се подготвува за свадбата на неговата ќерка Бесијана. Свадбената веселба, како што ни потврди  Џафери, ќе се одржува во Гостивар, каде што живее неговото семејство, а од овој крај потекнува и идниот зет на собранискиот спикер. …

Талат Џафери ја мажи ќерката Read More »

МКЦ во европски проект за културно одбележување на Првата светска војна


Младинскиот културен центар-Скопје од неодамна е дел од големиот европски мултидисциплиниран проект за културно одбележување на Првата светска војна – Con-Front, поддржан од програмата на ЕУ „Креативна Европа“ во рамки на Европската година на културно наследство 2018. Партнерството ќе истражува нови модели на комеморација, прибирајќи специфични стручни наоди, истовремено и од областа на современата музика …

МКЦ во европски проект за културно одбележување на Првата светска војна Read More »

Грчкото МНР се заблагодари за помошта и поддршката од Македонија


Природните катастрофи не познаваат граници и ги надминуваат споровите, соопштуваат од грчкото МНР и им се заблагодаруваат на сите за понудената помош и изразената поддршка и солидарност. – Ја изразуваме нашата искрена благодарност до министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу и на ПЈРМ, Никола Димитров за нивната брза реакција да понудат воздушни средства …

Грчкото МНР се заблагодари за помошта и поддршката од Македонија Read More »

ОЈО Свети Николе ги истражува причините за сообраќајката кај Мамутчево


Основното јавно обвинителство од Свети Николе ги истражува причините за вчерашната сообраќајна несреќа на магистралниот пат Велес – Штип. Како што МИА веќе објави кај селото Мамутчево дојде до судар меѓу автобус, сопственост на фирмата „Кит Го“ од Штип, управуван од возач од Велес (54) и камион влекач со полуприколка со регистарски ознаки од Скопје, …

ОЈО Свети Николе ги истражува причините за сообраќајката кај Мамутчево Read More »