Игор Спасов привремено пуштен од затвор, имал здравствени проблеми


Игор Спасов, осудениот за убиството на Мартин Нешкоски привремено е пуштен од затворот Идризово поради здравствени проблеми.
Од Управата за извршување на санкции велат дека поради здравствени испитувања, Спасов првично добил прекин на издржување на затворската казна од 15 дена, а потоа судот врз основа за медицинската документација му го продолжил прекинот.

Директорот на Управат Јовица Стојановиќ во изјава за Независен весник вели дека штом заврши со лекувањето Спасов повторно ќе биде вратен во затворот, а овој прекин нема да му биде пресметан во отслужувањето на затворската казна.

Неговиот адвокат Ване Андреев вели дека периодот на прекин на затворската казна е краток, околу 20 или 30 дена за што има доставено и медицинска документација. Андреев го бранеше и премиерот Зоран Заев, во случајот „Поткуп“.

Спасов, поранешен припадник на „Тигрите“ беше осуден на 14 години затвор за убиството на Нешкоски што се случи на прославата на изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ во 2011 година. Тој има досега отслужено шест години затвор. (Ф.Ф.С.)