Поднесени над 200 барања за обесштетување од невремето во Прилепско


За еден ден се поднесени преку 200 барања за обесштетување на земјоделците од прилепските села Мало и Големо Коњари, како и од населбата Варош за штетите од завчерашното невреме. Комисијата за проценка денеска е на терен и ја скенира ситуацијата. – Очекуваме постојано да стигнуваат барањата за обесштетување на земјоделците од погодените реони во Прилепско. …

Поднесени над 200 барања за обесштетување од невремето во Прилепско Read More »

Над 200 домови со сериозни штети од пожарите во Грција


Околу 200 инженери од Министерството за инфраструктура и транспорт на Грција, веќе започнаа со регистрација на штетите на објекти во погодените населби од пожарот. Како што јави дописничката на МИА од Атина, по регистрирани 720 куќи, 211 биле одбележани со црвена боја, односно дека штетата е голема, 234 добиле жолта, а 275 зелена боја, односно …

Над 200 домови со сериозни штети од пожарите во Грција Read More »

Македонските уметници се солидаризираат со Грција: Тие ни помогнаа нас за време на земјотресот во ’63


Графичкиот дизајнер и активист Зоран Кардула на неговиот фејбук-профил објави информација дека грчките уметници донирале свои дела како помош и солидарност после земјотресот 63 година, и истите тие дела на 26 овој месец ќе бидат изложени во МСУ, пишува Емагазин. „Денес Атина ја снајде слична катастрофа еве и еден повик до сите уметници, дизанери да …

Македонските уметници се солидаризираат со Грција: Тие ни помогнаа нас за време на земјотресот во ’63 Read More »

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива


Референдумот за договорот со Грција се очекува да биде распишан в сабота, откако синоќа работните групи на партиите постигнале согласност околу законите што беа договорени во првиот дел од понеделничката лидерска средба. Според информациите, во собраниската архива се веќе доставени три закони што не е исклучено да бидат донесени уште вечерва или најдоцна до сабота, …

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива Read More »

Средба Заев – Мекej: Подготвени сме за ефикасен пристапен процес во НАТО


Процесот на преговорите по добивањето на поканата во Брисел е дополнителна мотивација за институциите, за сите во јавната администрација и за граѓаните на земјата, за придонес во оваа фаза која не води поблиску до гарантираната безбедност и сигурност во друштвото на земјите членки и сојузници во НАТО, што отвора и перспективи за дополнителен економски развој …

Средба Заев – Мекej: Подготвени сме за ефикасен пристапен процес во НАТО Read More »

Бошњаковски: Јавниот интерес во Македонија во моментов е заштитен


Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со распределбата на грантовите од Фондот за иновации и технолошки развој на фирми поврзани со владини функционери, рече дека јавниот интерес во моментов е заштитен во Република Македонија. – Премиерот Зоран Заев повика да се испитаат сите случаи и доколку се покажат одредени неправилности секој во оваа држава треба …

Бошњаковски: Јавниот интерес во Македонија во моментов е заштитен Read More »

Бошњаковски: Амнестија нема да има


Амнестија за судските постапки што се водат, а  кои произлегоа по објавувањето на прислушуваните разговори, нема да има, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Не постои никаква можност за амнестија, директна или индиректна, за случаите за кои се води постапка, а кои произлегоа од објавените „бомби“, рече Бошњаковскии на денешната прес-конференција во Владата.

Партиите се натегаат, роковите газат: Две сценарија за референдумот


Викендот што претстои се најавува во политички кругови како одлучувачки за референдумот за името. Според наши информации, не е исклучено в сабота да се одржи собраниската седница што беше планирана за понеделникот вечерта, а од чие закажување крена раце спикерот Талат Џафери откако по полноќ стана јасно дека нема договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – …

Партиите се натегаат, роковите газат: Две сценарија за референдумот Read More »

(ВИДЕО) Опожарен автомобил на автопатот Тетово – Скопје


На видеото кое е споделено на Фејсбук групата наменета за сообрајаќот во Македонија „Ѕид на сообраќајниот срам“ е објавена снимка на која се гледа како гори автомобил на средината на автопатот Тетово – Скопје. Засега нема официјални информации од што е запален автомобилот и дали има повредени лица.

Милион евра ќе добие БиХ за сместување мигранти


Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) обезбеди милион евра бесповратна помош за Босна и Херцеговина во обид да го реши проблемот со сместувањето на илегалните мигранти кои и натаму пристигнуваат во земјата. Договорот за донација денеска во Сараево го потпишаа заменичката-гувернер на ЦЕБ Марија Санчез-Јебра Алонсо и водителот на мисијата на Меѓународната организација …

Милион евра ќе добие БиХ за сместување мигранти Read More »

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на …

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози Read More »

Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика


Бројот на загинатите во пожарите во регионот Атика се искачи на 80, откако еден 84-годишен маж им подлегна на повредите во атинската болница, каде што беше пренесен со сериозни изгореници. Како што претходно јави дописничката на МИА од Атина, според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, објавени пред да биде соопштено дека повредениот им подлегна …

Најмалку 80 загинати во пожарите во областа Атика Read More »

Формирано координативно тело за хуманитарна помош за Грција


Владата на Република Македонија формира координативно тело кое на дневно ниво ќе ја следи состојбата и ќе координира соодветна хуманитарна помош, што ќе се договори како потреба со надлежните институции во Грција и со градот Атина, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Владата на вчерашната 81-та седница донесе одлука да испрати финансиска помош …

Формирано координативно тело за хуманитарна помош за Грција Read More »

Почина академик Милан Ѓурчинов


На 90-годишна возраст вчера почина академик Милан Ѓурчинов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите. Академик Милан Ѓурчинов е роден на 28 јули 1928 година во Белград. Во 1951 година дипломирал славистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград, докторирал во 1960 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, а се усовршувал …

Почина академик Милан Ѓурчинов Read More »

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот со напредок во работата, Јарецот ќе расчисти со минатото


ОВЕН Пред вас се појавува шанса кога треба да се потпрете на своите способности и знаење – имате добро чувство за својата енергија и сила и планирате како да ја искористите мудро. Здобивање на нови информации. БИК Спремни сте за работа и се посветувате сѐсрдно и целосно за да изградите нешто од трајна вред- ност. …

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот со напредок во работата, Јарецот ќе расчисти со минатото Read More »

Антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес


Антологијата на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес „Ден судбоносен – 26 јули 1963“ утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана во Домот на културата „Димитар Влахов“ во скопската населба Автокоманда. Делото го приредија новинарите на Македонското радио – Радио Скопје и публицисти Свето Стаменов и Искра Чоловиќ и универзитетскиот професор, литературен теоретичар …

Антологија на песни посветени на скопскиот катастрофален земјотрес Read More »

Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека следуваат поплави


Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека би можеле да се соочат со поплави, бидејќи се очекува обилните дождови да условат излевање на реката Арда и Марица на територијата на тие две држави. Предупредувањето од Бугарија стигнува во момент кога Грција се бори со најсмртоносните пожари во поновата историја. Во предупредувањето од Софија се наведува …

Бугарија ги предупреди Грција и Турција дека следуваат поплави Read More »

На 79 се искачи бројката на загинати од пожарите во Грција


Според официјалните податоци од грчката противпожарна служба, до овој момент, 79 лица го загубија животот во пожарите во регионот Атика, а и понатаму е непознат бројот на исчезнати лица, јави дописничката на МИА од Атина. – До сега добивме десетици повици за регистрирање на исчезнати лица. Бидејќи е во тек процесот на идентификација на телата …

На 79 се искачи бројката на загинати од пожарите во Грција Read More »

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија


Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија од илегални имигранти, соопшти синоќа црногорскиот премиер Душко Марковиќ, по средбата со неговиот унгарски колега Виктор Орбан во Подгорица. Марковиќ рече дека Црна Гора е подготвена за одбрана на границата од евентуално зголемување на приливот на мигранти, истакнувајќи дека се уште нема …

Црна Гора од Унгарија доби бодликава жица за заштита на границата со Албанија Read More »

Осуденик пронајден мртов во затворот во Идризово


Во Казнено поправната установа Идризово вчера околу 15 часот во бессознание во ќелија бил пронајден осуденикот М.Д.(34) од Тетово. Како што информира полицијата, М.Д. со возило на затворска служба бил однесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар била констатирана смрт. Телото на починатиот било дадено во судска медицина за обдукција.