ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот со напредок во работата, Јарецот ќе расчисти со минатото


ОВЕН

Пред вас се појавува шанса кога треба да се потпрете на своите способности и знаење – имате добро чувство за својата енергија и сила и планирате како да ја искористите мудро. Здобивање на нови информации.

БИК

Спремни сте за работа и се посветувате сѐсрдно и целосно за да изградите нешто од трајна вред-

ност. Силни емоции, импулсивност, но и момент кпга е потребен кураж. Вежбајте, спортувајте, работете рачна работа и одморете се.

БЛИЗНАЦИ

Денес е добро да застанете цврсто и ги покажете своите таленти – разговарајте за идеите, манифестирајте ја својата уметност и изразете ги емоциите. Погледнете околу себе – дали луѓето околу вас ви помагаат? Како?

РАК

Подарок од Универзумот – вашите врски се реципрочни, уникатни и чисти. Ги наоѓате своите таленти и ги употребувате. Отворете го срцето и давајте секому.

ЛАВ

Денес поставувате нова структура – понекогаш е потребно повеќе време за да ги постигнеме саканите нешта. Инвестирајте во основните работи и направете список за деталите на работата. Ивестиции во имотот и сопственоста.

ДЕВИЦА

Со стелиумот во Јарец пронаоѓате ново знаќење во својот живот, креативните проекти и љубовта.Сега имате можност да ја искористите својата мудрост, а вашите дела ги рефлектираат вашите уверувања. Инспирирани сте.

ВАГА

Конечно стигнувате на целта за која што се боревте некое време. Сѐ досега сметавте дека животот ви се врти во лоша насока и дека многу пати кога бевте на дофат на успехот, тој ви лизгаше низ прстите. Работите се менуваат.

СКОРПИЈА

Ова е момент за решителност, стратегија и моќ врз своите способности. Имате голема моќ на убедување, како и способност за манипулирање на емоциите. Затоа анализирајте го својот перформанс добро!

СТРЕЛЕЦ

Доаѓате во допир со својата есенција и верувања, а со тоа се здобивате со нова визија за животот.Така ќе се ослободите од непотребните грижи и малтретирања и ќе го пронајдете својот извор на енергија. Патување

ЈАРЕЦ

Расчистувате сѐ во животот што ве кочи и не ви дава да напредувате – добро ја канализирате својата енергија и се концентрирате на она што ви носи прогрес. Инвестирајте во она што навистина ви е важно и во своите проекти.

ВОДОЛИЈА

Верувајте во својот капацитет да се одржувате себе си и така ќе се здобиете со потребната самодоверба. Интензивна размена со пријателите и големо внимание од секаде. Мир во љубовта и исполнување. Реципрочни врски.

РИБИ

Полни сте со емоции кои ги изразувате сосема спонтано – најдете начин да ги покажете своите дарби, да бидете она што сте и да се чувствувате добро. Сензитивност, креативност и умешност. Пат, задоволства и можна романса.

 

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]