Тројца загинати и тројца повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција


Нова сообраќајна несреќа, во која повторно животот го загубија мигранти, се случи рано утрово на автопатот „Егнатиа“ меѓу грчките градови Кавала и Ксанти во североисточниот дел на Грција, кога автомобил во кој се превезувале излетал од патот, се превртел и се запалил, јави МИА. Според локалните медиуми, живи изгореле три лица, тројца се повредени, а …

Тројца загинати и тројца повредени мигранти во сообраќајна несреќа во Грција Read More »

Лазаревски: Сензитивни таргети во прислушувањето биле братот и сопругата на Сашо Мијалков


Со испрашување на сведокот Ѓорѓи Лазаревски денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО „Таргет-Тврдина“. На прашање од обвинителот на СЈО, Артан Ајро, кој бил сензитивен таргет, Лазаревски рече дека постоеле два таргета, едниот бил Влатко Мијалков – брат на Сашо Мијалков, а вториот Александра Мијалкова сопруга на Сашо Мијалков. Ајро го праша …

Лазаревски: Сензитивни таргети во прислушувањето биле братот и сопругата на Сашо Мијалков Read More »

Владиката Пимен сведочи за „27 април“


Со давање исказ на владиката Пимен, предложен како сведок од обвинетиот Богдан Илиевски-Бетмен, во Кривичниот суд почна денешното рочиште за настаните од 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија. На денешното рочиште треба да сведочат и Ивона Опетческа-Татарческа, Методија Илиевски и Томислав Јовановски, сите предложени од обвинетиот Илиевски. Денеска требеше да сведочи и …

Владиката Пимен сведочи за „27 април“ Read More »

Девет лица загинаа во несреќа во Турција


Бројот на жртвите од железничката несреќа во Турција се зголемува и според последните податоци, во неа загинале девет лица, меѓу кои и тројцата машиновозачи, соопшти министерот за транспорт Џахит Турхан. Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во …

Девет лица загинаа во несреќа во Турција Read More »

Француските власти бараат од „жолтите елеци“ да не протестираат в сабота


Владата на Франција „во оваа фаза не одлучи да ги забрани собирите на жолтите елеци”, кои треба да се одржат в сабота, но ги повика на „разумност“ по нападот во Стразбур и „да не протестираат“, изјави денеска нејзиниот портпарол Бенјамин Гриво. Како што пренесува дописникот на МИА, Владата го слушнала нивниот гнев што го изразија. …

Француските власти бараат од „жолтите елеци“ да не протестираат в сабота Read More »

Самитот на ЕУ во знакот на Брегзит


Декемврискиот Самит на ЕУ почнува попладнево, а дневниот ред е променет во последен момент откако британската премиерка Тереза Меј го откажа гласањето за Договорот за Брегзит на 10 декември. Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск информираше дека поради новонастанатата ситуација во Обединетото Кралство, тој свикува специјален состанок за Брегзит. Премиерката Меј, пак, е повикана да …

Самитот на ЕУ во знакот на Брегзит Read More »

За неполно полугодие се иселила цела паралелка од Кочани


Иселувањето стана сериозен проблем во Македонија. Клучниот момент, според универзитетскиот професор Кирил Барбареев, е што младите, а сè повеќе и возрасните не гледаат надеж дека работите одат на подобро. Преголем временски период сме општество на неправда, вели тој, загубена е надежта, а кога умира надежта, почнува депресијата и дезинтеграцијата на општеството. Посочува дека треба да …

За неполно полугодие се иселила цела паралелка од Кочани Read More »

Тереза Меј останува лидер на британските конзервативци


Британската премиерка Тереза Меј го преживеа гласањето за доверба во Конзервативната партија со 200 гласа за наспроти 117 против. Таа останува лидер на британските конзервативци и ќе го продолжи процесот на Договорот со ЕУ за Брегзит на што се спротивуваа нејзините сопартијци кои го покренаа гласањето доверба. Претходно, Тереза Меј, во последниот обид да ја обезбеди …

Тереза Меј останува лидер на британските конзервативци Read More »

СЕХА: Вардар го победи Татран Прешов


Екипата на Вардар го совлада Татран Прешов со 23-21 (10-9) во меч од 12.коло од СЕХА лигата. За “црвено-црните” ова е 10-та победа со која се зацврстија на првата позиција на табелата во регионалната лига. Двата тима одиграа изедначен дуел, кој беше решен во последните десет минути. Најефикасен во составот на Вардар е Карачиќ со …

СЕХА: Вардар го победи Татран Прешов Read More »

Мерсовски од ПЕИ: СДСМ и ДУИ не ми кажаа како да гласам


Алијансата за Албанците, чиј лидер Зијадин Села за малку смртно ќе страдаше во Собранието од „долгата рака на ВМРО“, склучи советнички пакт токму со ВМРО-ДПМНЕ и Беса и избра в.д. градоначалник на Дебар од своите редови по смртта на Ружди Љата од ДУИ. Во изборот на Еуген Цами учествува и Абдија Мерсовски од ПЕИ – …

Мерсовски од ПЕИ: СДСМ и ДУИ не ми кажаа како да гласам Read More »

Двајца кардинали вмешани во сексуално злоупотребување


Папата Франциско отпушти тројца кардинали од својот неформален кабинет, од кои двајца се обвинети за сексуално злоупотребување. Како што соопшти Ватикан, папата во октомври испрати писма до чилеанскиот кардинал Хавиер Ерасуриз, австрискиот кардинал Џорџ Пел и конгоанскиот кардинал Лорен Монсенгве Пасиња, заблагодарувајќи им се за нивната служба. Ерасуриз е обвинет во Чиле дека „им го …

Двајца кардинали вмешани во сексуално злоупотребување Read More »

Се породи Тамара Тодевска, на свет го донесе Дарен


Поп-пејачката Тамара Тодевска денеска се породи и на свет го донесе малиот Дарен. Пејачката среќната веста ја сподели на социјалните мрежи. „Пред точно саат време се роди Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопислива љубов. Пресреќни сме“, информираше пејачката.

(ВИДЕО) Груевски уловен во Будимпешта, бега од новинарите


Бегалецот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија е уловен во Будимпешта од новинарот Барди Балинт од 24.ху. Според извештајот на 24.ху, Груевски ручал во познат ресторан со уште двајца негови соработници. Потоа, ги оставил нив и самиот го напушта местото. надвор го чека возило марка „Фолсваген Шаран“ и личен возач. Новинарот се обидува да …

(ВИДЕО) Груевски уловен во Будимпешта, бега од новинарите Read More »

Грците со жолти елеци против Преспанскиот договор


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на расправата вчера во грчкиот парламент, изјави дека поранешната југословенска Република Македонија мора како со уставните амандмани така и со изјавите на официјални лица да го почитува духот и словото на договорот од Преспа. Тој истакна дека ако тоа не се прави, нема да се придвижат ниту договорот ниту интеграцијата на …

Грците со жолти елеци против Преспанскиот договор Read More »

Албанските студенти одбиваат разговори со Рама и продолжуваат со протестите


Масовните студентски протести во Албанија продолжуваат и денеска, при што на студентите им се придружија и родителите, други граѓани, како и нивни колеги од Косово. Албанскиот премиер Еди Рама претпладнево на Твитер најави подготвеност за разговори и исполнување на студенските барања, но студентите го отфрлија предлогот за дијалог и претходно доставените осум барања ги надополнија …

Албанските студенти одбиваат разговори со Рама и продолжуваат со протестите Read More »

Тинејџерите го губат слухот поради слушање гласна музика


Адолесцентите сакаат да слушаат гласна, па дури и прегласна музика и поради тоа околу една милијарда млади луѓе се во опасност да го загубат слухот, предупреди Светската здравствена организација. СЗО истакнува дека речиси половина од младите помеѓу 12 и 35 години секојдневно слушаат музика на мобилните телефони, додека околу 40 отсто од тинејџерите се изложени …

Тинејџерите го губат слухот поради слушање гласна музика Read More »

„Аквамен“ ќе „исплива“ побрзо во Скопје


Премиерата на долгоочекуваниот филм „Аквамен“, на чии визуелни ефекти работеше и македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х, вечерва ќе се случи во „Синеплекс“. „Аквамен“ е американски филм за суперхерој на универзумот на „ДЦ Комикс“, во режија на Џејмс Ван. Носителот на главната улога Џејсон Момоа, кој првпат го видовме во „Justice League“. Остатокот …

„Аквамен“ ќе „исплива“ побрзо во Скопје Read More »

Матине со грчка храна


Грчката канцеларија за врски во Скопје организираше попладневно дружење со грчка храна и специјалитети. Новогодишните празници се добра прилика за средби околу маса, а „Калимера“ или на македонски „Добар ден“ настанот беше замислен како можност за претставување на премиум грчките прехранбени производи кои ја надополнуваат празничната атмосфера. Фото: Борис Грданоски  

Се бара двотретинско мнозинство и за СЈО


Министерката за правда Рената Дескоска денеска изјави оти се разгледуваат две варијанти за Специјално јавно обвинителство, едната за тоа да биде инкорпорирано во Јавното обвинителство или да биде посебна институција. Најави дека законите се ставени на ЕНЕР за јавна дебата и забелешки, дека ќе има интензивни разговори со пратениците за обезбедување двотретинска поддршка како и …

Се бара двотретинско мнозинство и за СЈО Read More »

Рамчиловиќ: Подгрупата за помирување изготви Предлог закон за амнестија


Подгрупата за помирување во Собранието изготви Предлог закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен. Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа продгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со Предлог-законот нема да бидат …

Рамчиловиќ: Подгрупата за помирување изготви Предлог закон за амнестија Read More »