(ВИДЕО) Груевски уловен во Будимпешта, бега од новинарите


Бегалецот Никола Груевски кој доби азил во Унгарија е уловен во Будимпешта од новинарот Барди Балинт од 24.ху.

Според извештајот на 24.ху, Груевски ручал во познат ресторан со уште двајца негови соработници. Потоа, ги оставил нив и самиот го напушта местото. надвор го чека возило марка „Фолсваген Шаран“ и личен возач.

Новинарот се обидува да му постави неколку прашања на Груевски, но тој брзо влегува во автомобилот и го напушта местото.

– Како стигнавте во унгарија, господине Груевски? Кој ви помогна да побегнете? – прашува новинарот, но не добива одговори.

Вчера се појави и друга фотографија од Груевски како се шета низ центарот на Будимпешта. Фотографијата ја објави на Твитер Даниел Нолан, допсник на „Гардијан“ од Унгарија.