Се породи Тамара Тодевска, на свет го донесе Дарен


Поп-пејачката Тамара Тодевска денеска се породи и на свет го донесе малиот Дарен.

Пејачката среќната веста ја сподели на социјалните мрежи.
„Пред точно саат време се роди Дарен. Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неопислива љубов. Пресреќни сме“, информираше пејачката.