Црвениот крст ги собира бездомниците – некои остануваа на улица по цена и да измрзнат


Робертино е последниот бездомник кој вчера наутро тимови од Црвениот крст го зеле од Клиниката за токсикологија, облечен во тенки панталони и џемперче, завиткан во ќебе, по што го згрижиле во прифатилиштето во Момин поток. Шест месеци живеел во Железничката станица во Скопје, но завчера вечерта три лица го претепале, му ги зеле обувките и …

Црвениот крст ги собира бездомниците – некои остануваа на улица по цена и да измрзнат Read More »

Одгледувачите на животни да обезбедат доволни количини на вода


Навремено да се обезбедат вода и храна за животните во количества доволни за задоволување на потребите на сите животни на одгледувалиштето во траење од најмалку две недели, им препорачува Агенција за храна и ветеринарство на одгледувачите на животни поради ниските температури и снегот. Храната треба да е со соодветна хранлива вредност и соодветна на видот …

Одгледувачите на животни да обезбедат доволни количини на вода Read More »

Вебер: Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерпектива


Лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој e кандидат за претседател на Европската комисија на претстојните избори во ЕУ, изјави дека е неопходно решение за спорот за името меѓу Атина и Скопје и отворање на европерспективата на Македонија. – На сите им е јасно дека прашањето за името мора да биде решено и …

Вебер: Прашањето за името мора да се затвори и Македонија да добие европерпектива Read More »

Штрајк на три аеродроми во Германија


Вработените на три аеродроми во Германија – Диселдорф, Келн-Бон и Штудгарт денеска стапија во штрајк, барајќи зголемување на плата. Штарјкот доведе до нарушување на воздушниот сообраќај во Германија. Штрајот погоди 100.000 патници, а влијае и на другите аеродроми, како во Берлин, каде се откажани 90 летови. Синдикатот Вер.ди бара на вработените на контрола на патници, …

Штрајк на три аеродроми во Германија Read More »

Уапсен маж поради испраќање сомнителни пакети во амбасадите во Австралија


Австралиската полиција упаси 48-годишен маж под сомнение дека испраќал сомнителни пакети до амбасадите и конзулатите ширум Австралија. Повеќе од 12 странски претставништва во Мелбурн и во Канбера вчера добија сомнителни пакети. Полицијата се уште го утврдува точниот состав на материјалот во пакетите. Приведениот е обвинет за испраќање на опасни предмети по пошта, а максималната казна …

Уапсен маж поради испраќање сомнителни пакети во амбасадите во Австралија Read More »

Мадуро почнува втор мандат, опозицијата го прогласи за диктатор


Претседателот на Венецуела Николас Мадуро почнува денеска втор мандат и покрај меѓународните критики дека неговиот повторен избор е незаконски. Со тоа дополнителчно се изолира таа јужноамериканска држава во која економската криза се претвора во хуманитарна катастрофа. Лидери на владејачката Социјалистичка партија отфрлаат критики кон Мадуро и неговиот избор што ќе трае до 2025 година, повикувајќи …

Мадуро почнува втор мандат, опозицијата го прогласи за диктатор Read More »

Проширувањето на ЕУ останува приоритет на следните три претседателства


Романија, Финска и Хрватска, следните три земји претседавачи со Европска унија најавија дека проширувањето ќе биде еден од нивните приоритети, јави дописничката на МИА од Брисел. Од лисабонската реформа, земјите претседавачи на ЕУ подготвуваат заеднички програми во тројки, наречени „трио“, во период од 18 месеци. Следните три се Романија, Финска и Хрватска. Поддршката за проширувањето …

Проширувањето на ЕУ останува приоритет на следните три претседателства Read More »

Радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години


Повторените радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години, тврдат научниците. Тој феномен ја продлабочува мистеријата и нуди потенцијална можност за конечно да се разбере што би можело да исфрли тресок од галаксија оддалечена милијарди светлосни години. Радио тресок или рафалот, како што претпоставуваат научниците, е резултат пред сè – од експлозија на …

Радио-сигнали доаѓаат од галаксија оддалечена од 1,5 милијарди светлосни години Read More »

Пет милиони евра ќе нè чини новиот шеф на државата


Државната изборна комисија е подготвена за претседателските избори, уверува претседателот на ДИК, Оливер Дерковски. Ќе се гласа на стариот начин, со ултравиолетова лампа и спреј, а според проценките ќе бидат потрошени околу пет милиони евра. Најмногу, околу три милиони евра, ќе се одделат за надоместоци за избирачките одбори, а останатите се за транспорт и изборен …

Пет милиони евра ќе нè чини новиот шеф на државата Read More »

Изгласајте иднина, па на работа


Ерол Ризаов Избезумува мислата дека е можно во Македонија да се случи катастрофа поради еден или неколку гласа во Собранието со цел да се уништи иднината на една напатена од страдања, војни и секакви други порази, сиромашна земја. Можат ли тоа злосторство да го направат неколку луѓе свесно како мирновременски геноцид врз сопствениот народ и …

Изгласајте иднина, па на работа Read More »

„Жолтите елеци“ бараат од граѓаните да ги испразнат банкарските сметки


Активисти на „жолтите елеци“ побараа од француските граѓани да ги испразнат своите банкарски сметки и да тргнат во масовен поход на банките. Повикот следува во пресрет на деветиот викенд протести во Париз и ширум Франција, а демонстрантите се надеваат дека тој потег ќе ја натера Владата да ги сослуша нивните барања, пред се нивниот повик …

„Жолтите елеци“ бараат од граѓаните да ги испразнат банкарските сметки Read More »

По грешката со декларациите, белгиските производите на МРП вакцините ќе дојдат во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека наскоро кај нас ќе пристигнат претставници и од белгискиот „Глаксо Смит Клајн“, компанија производител на МРП вакцините. Нивната посета во Македонија следува по скандалот со деклрациите со изминат рок кои беа залепени на вакцините. Министерот Филипче рече дека контролите за оваа грешка ќе завршат денеска. -Контролите за …

По грешката со декларациите, белгиските производите на МРП вакцините ќе дојдат во Скопје Read More »

Филипче: Контролите за вакцината МРП со погрешни декларации ќе завршат денеска


Уште две деца од Скопје се заразени со морбили кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Откако Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили, во оваа здравствена установа се лекувани 13 лица. Вчера на домашно лекување се пуштени четири деца. Од почетокот на епидемијата досега се вакцинирани 10 отсто од невакцинираните деца или околу …

Филипче: Контролите за вакцината МРП со погрешни декларации ќе завршат денеска Read More »

(ВИДЕО) Мицкоски одби да се обрати на протестот, граѓаните се налутија


Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска им се приклучи на граѓаните што протестираа пред Собранието поради промената на уставното име. Тој и неговите сопартијци беа дочекани со аплаузи и со френетични скандирања, па од него беше побарано да се обрати на импровизираната бина. Неколкупати го повикуваа, но тој не се одзва на нивните повици. …

(ВИДЕО) Мицкоски одби да се обрати на протестот, граѓаните се налутија Read More »

Јован Митревски нов координатор на пратеничката група на СДСМ


По оставката од пратеничката функција на Томислав Тунтев поради негово вработување како директор во Агенцијата за цивилно воздухопловство, во пратеничките клупи седна Рубин Земон. Местото координатор на пратеничката група на СДСМ ќе го преземе досегашниот заменик, Јован Митревски, а заменичка ќе биде Соња Мираковска од НСДП. Денеска Собранието ја констатираше оставката на Тунтев без енгово …

Јован Митревски нов координатор на пратеничката група на СДСМ Read More »

„Македонија блокира“ бара нивни претставници да присуствуваат на пленарната седница за уставните измени


Членови на граѓанското здружение „Македонија блокира“, кои протестираат пред македонското Собрание против уставните измени, побараа од полицијата да пушти тројца нивни претставници, кои ќе присуствуваат на пленарната седница и ќе им ги пренесат пораките од протестот на пратениците. Тие од собраниското обезбедување биле известени дека седницата е одложена за попладнево во 16 часот. – Им …

„Македонија блокира“ бара нивни претставници да присуствуваат на пленарната седница за уставните измени Read More »

Во Словенија секој десетти работник е странец


Секој десетти вработен во Словенија е странец, а речиси половината од странските работници доаѓаат од Босна и Херцеговина. Словенечката служба за статистика објави дека во октомври 2018 година во Словенија биле вработени околу 885.700 лица, што е за 0,9 отсто повеќе отколку во семптември истата година, односно 3,2 проценти повеќе од октомври 2017 година. Меѓу …

Во Словенија секој десетти работник е странец Read More »

Непрописно паркираните возила го отежнуваат чистењето на снегот во Струга


Поради непрописно паркирање возила низ струшките улици, екипите на јавното претпријатие „Комунално“ од Струга се соочуваат со проблеми околу расчистувањето на снегот. Општина Струга апелира до граѓаните да ги отстранат своите возила од улиците и тротоарите, особено во централното градско подрачје. -Екипите на „ЈП Комунално“ и компаниите ангажирани за чистење на патот работат на расчистувањето …

Непрописно паркираните возила го отежнуваат чистењето на снегот во Струга Read More »

Повторени барањата на Движењето против коцкање


Преставници од Движењето против коцкање денеска на прес-конференција во Тетово уште еднаш ја потсетија Владата и другите институции и поединци за барањата од нивниот протест што на 21 декември се одржа на плоштадот во Тетово и што беше поддржан и од претставници на верските заедници ИВЗ и МПЦ. – Остануваме на барањата што без резерва …

Повторени барањата на Движењето против коцкање Read More »

Киднапирана сопругата на Том Хаген, бараат 9 милиони евра за откуп


Норвешката полиција денеска соопшти дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и оти нејзините киднапери барале откуп од девет милиони евра. Главниот истражител Томи Броеске изјави дека Ане-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година. Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор во недвижности и сопственик на 172 енергетски објект, е на листата на 400 …

Киднапирана сопругата на Том Хаген, бараат 9 милиони евра за откуп Read More »