По грешката со декларациите, белгиските производите на МРП вакцините ќе дојдат во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче денеска потврди дека наскоро кај нас ќе пристигнат претставници и од белгискиот „Глаксо Смит Клајн“, компанија производител на МРП вакцините.

Нивната посета во Македонија следува по скандалот со деклрациите со изминат рок кои беа залепени на вакцините.

Министерот Филипче рече дека контролите за оваа грешка ќе завршат денеска.

-Контролите за вакцините МРП со погрешни декларации ќе завршат до крајот на денот, а за тоа кој го направил пропустот ќе каже истрагата. Важно е што по овој случај не се намали имунизирањето на децата против мали сипаници, информира министерот за здравство, по отворањето на првата „Родителска куќа“ наменета за родители чии деца се на подолг престој во болница, а не живеат во Скопје.