Киднапирана сопругата на Том Хаген, бараат 9 милиони евра за откуп


Норвешката полиција денеска соопшти дека сопругата на милионерот Том Хаген е киднапирана и оти нејзините киднапери барале откуп од девет милиони евра.

Главниот истражител Томи Броеске изјави дека Ане-Елизабет Фалкевик Хаген исчезнала на 31 октомври минатата година.

Нејзиниот сопруг Том Хаген, инвеститор во недвижности и сопственик на 172 енергетски објект, е на листата на 400 најбогати лица во Норвешка, што ја објави норвешкиот финансиски магазин „Капитал“.

Полицијата соопшти дека во пораката пронајдена во куќата на Хаген источно од Осло, било опишано што ќе и се случи на неговата соприга ако не биде платен откупот во крипто валута Монеро.