Непрописно паркираните возила го отежнуваат чистењето на снегот во Струга


Поради непрописно паркирање возила низ струшките улици, екипите на јавното претпријатие „Комунално“ од Струга се соочуваат со проблеми околу расчистувањето на снегот.

Општина Струга апелира до граѓаните да ги отстранат своите возила од улиците и тротоарите, особено во централното градско подрачје.

-Екипите на „ЈП Комунално“ и компаниите ангажирани за чистење на патот работат на расчистувањето на снегот во чаршијата, кејовите и тротоарите во Струга, како и патиштата низ сите други населби. Заради ефикасност и избегнување на можните пречки во сообраќајот, Непрописното паркирањето го спречува ефикасното чистење на патиштата и ја отежнува работата на службите. Доколку внимавате ќе ја олесните работата на службите за чистење и ќе избегнете било какви можни оштетувања на вашето возило, посочува Општина Струга.

Неправилно паркираните возила, како што нагласи ЈП „Комунално“, со асистенција на полицијата ќе се отстрануваат со пајак службата.

Екипи на Јавното пратпријатие од Струга и фирми ангажирани за зимско одржување на улиците и патиштата во општината работат на расчистување на патните правци кон струшките села.

Снегот, кој од ноќеска го зафати струшкиот регион го отежнува сообраќајот.