До МВР стигале лажни пријави за нерегуларности


Им честитам на граѓаните и на институциите, имавме изборен ден со незначителен број неправилности, без нарушување на јавниот ред и мир. Вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го оцени вториот круг од претседателските избори во кој граѓаните го избраа новиот претседател. За разлика од првиот круг, кога и власта и опозицијата изборите ги нарекоа …

До МВР стигале лажни пријави за нерегуларности Read More »

Хан му ја честита победата на Пендаровски


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел. -Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го …

Хан му ја честита победата на Пендаровски Read More »

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 53,20 отсто, Силјановска 43,27


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 81,26 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 53,20 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 43,27 отсто. Неважечки ливчиња се 3,53 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до …

Преброени над 80 проценти од гласовите: Пендаровски 53,20 отсто, Силјановска 43,27 Read More »

ДИК: Пендаровски 65,79 проценти, Силјановска 31,07 отсто


Според првичните резултати објавени на веб страницата на Државната изборна комисија од обработени 11,56 отсто од избирачките места, води претседателскиот кандидат на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски со 65,79 проценти, пред кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова со 31,07 отсто. Одѕивот во вториот круг на претседателските избори до 18:30 часот изнесуваше 44,5 проценти.

Едно лице загина во пожарот на авион на аеродромот во Москва


Едно лице загина, а повеќе од 10 се повредени во пожар на патнички авион, кој принудно слетал на московскиот аеродром Шереметјево. – Според прелиминарните информации, едно лице загина. Во авионот се наоѓале 73 патници и шест членови на екипажот, истакна неименуван извор. На местото на инцидентот се испратени најмалку 10 амбулантни возила. Авионот Сухој Суперџет-100 …

Едно лице загина во пожарот на авион на аеродромот во Москва Read More »

Претседател ќе биде избран, одѕивот над 40 отсто


Постигнат е потребниот цензус од над 40 проценти за избор на претседател на Републиката во вториот круг на претседателските избори. Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вечерва на прес-конференција информира дека излезноста до 18:30 часот изнесува 44,50 проценти. Тој оцени дека изборите поминале добро, мирно, достоинствено и без поголеми нерегуларности. На избирачките места досега …

Претседател ќе биде избран, одѕивот над 40 отсто Read More »

(ВИДЕО) Шестмина повредени во запалениот авион на Шереметјево


Шест лица се повредени во пожар кој изби во патнички авион при принудно слетување на московскиот аеродром Шереметјево. – Според прелиминарните информации, неколку лица се повредени. Најмалку десет амбулатни возила се испратени на местото на инцидентот, соопштија здравствените власти. Се претпоставува дека најверојатно се запалил моторот на авионот од удар на гром.

Елиминиран еден од командантите на Хамас


Израелската армија при напад врз Појасот Газа го уби командантот на Хамас, Хамад Ахмед Ал Кудри, кој беше задолжен за трансфер на пари од Иран за вооружените сили во Газа. Воздушниот напад врз неговиот автомобил е прво целно убиство на некој воен командант во последните пет години. Во ракетните и воздушните напади, кои почнаа вчера, …

Елиминиран еден од командантите на Хамас Read More »

Германија ќе воведува „министерство за осамени“


Германија размислува за воведување посебен оддел при Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани. – Досега малку внимание им се посветувало на болестите кои ги предизвикува осаменоста. Едно неодамнешно истражување покажува дека осаменоста често предизвикува психички болести, како што се депресија, анксиозност, но и болести на крвниот систем, изјави функционерот …

Германија ќе воведува „министерство за осамени“ Read More »

Околу 100 учесници на скопскиот маратон станаа потенцијални дарители на коскена срцевина


На штандот на Универзитетската Клиника за хематологија-Скопје, како носител на националната камања  „Биди срцевина, биди херој“ за помалку од два часа, се пријавиле околу 100 доброволни потенцијални дарители на коскена срцевина, кои  стануваат дел од националниот дарителски регистар, а со тоа и дел од 30 милионското семејство на дарители на коскена срцевина обединето во светскиот …

Околу 100 учесници на скопскиот маратон станаа потенцијални дарители на коскена срцевина Read More »

Вучиќ: Косово во иднина ќе добие целосен суверенитет , но не по моја вина


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека Косово во иднина ќе добие независност и суверенитет на целата територија, но не затоа што тој ќе го признае, туку затоа што не поминало решението кое го понудил. Но, Вучиќ не прецизира што точно понудил и на кого. Вучиќ на ТВ Пинк изјави дека „тоа што го нудел не можело да помине, …

Вучиќ: Косово во иднина ќе добие целосен суверенитет , но не по моја вина Read More »

Берлин со мерки против епидемија на осаменост


Германија размислува за воведување посебен оддел во рамки на Министерството за здравство, кој би се грижел за проблемите на осамените граѓани, објави денеска „Велт ам Зонтаг“. – Досега многу малку внимание се посветуваше на болестите предизвикани од осаменоста: едно неодамнешно истражување покажа дека осаменоста често предизвикува психички болести како што се депресија, анксиозност, но и …

Берлин со мерки против епидемија на осаменост Read More »

Новиот министер за туризам на Грција од партијата Демократска левица положи свечена заклетва


Претседателот на грчката партија Демократска левица, Танасис Теохаропулос и официјално е новиот министер за туризам на Грција, откако положи свечена заклетва во претседателската палата пред претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, Теохаропулос изјави дека учеството на Демократска левица во Владата значи „соработката на …

Новиот министер за туризам на Грција од партијата Демократска левица положи свечена заклетва Read More »

Неделава врнежи, пониски температури и снег на планините


И утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи, засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Како што информира УХМР, кон крајот на денот и во вторник поради спуштање на студена воздушна маса …

Неделава врнежи, пониски температури и снег на планините Read More »

Популацијата на деца во Јапонија на рекордно ниско ниво


Популацијата на деца во Јапонија опаѓа 38 години по ред и е на рекордно ниско ниво, соопшти јапонската Влада. – Бројот на деца помлади од 15 години сега изнесува 15,22 милиони, што е за 1,2 отсто помалку во однос на претходната година, соопшти Националното биро за статистика. Тоа е најнизок број откако таквите податоци се …

Популацијата на деца во Јапонија на рекордно ниско ниво Read More »

„Црната точка“ во Влае се заканува со нови жртви


Неколку години откако камион прегази дванаесетгодишно девојче кое почина на самото место на крстосницата на улиците „Адолф Циборовски“, која сега е преименувана во „Војвода Васил Чакаларов“, и улицата „Ангел Динев“, кои се наоѓаат меѓу скопските населби Хром и Влае, завчера на истото место автомобил „југо“ прегази една година помало девојче кое заврши со тешки повреди. …

„Црната точка“ во Влае се заканува со нови жртви Read More »

Шкендија и теоретски ја обезбеди шампионската титула


Екипата на Шкендија го одбрани шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево со гол во судиското надополнување го победи Работнички и создаде недостижна предноста пред второпласираниот Вардар. На четири рунди до крајот без шанси за опстанок е Победа Прилеп која претрпе тежок пораз под Ренова. Резултати на денешните натпревари од 32. коло во …

Шкендија и теоретски ја обезбеди шампионската титула Read More »

До 19 часот на гласање излегле 46,16 проценти од иселениците


До 19 часот во 32 дипломатско-конзуларни претставништа своето гласачко право на шестите преседателски избори го искористиле 7.024 гласачи, односно 46,16 проценти од пријавените 1.781 гласач. Се уште се отворени шест гласачки места во САД и Канада, каде гласањето трае до 19 часот според временската зона на земјата каде се гласа. Како што соопшти вечерва на …

До 19 часот на гласање излегле 46,16 проценти од иселениците Read More »

Борусија ја губи трката со Баерн Минхен


Уште еден чекор наназад во борбата за шампионскиот трофеј направи Борусија Дортмунд, откако вечерва одигра само 2:2 на гостувањето кај Вердер во Бремен. По нерешениот исход Баерн Минхен има четири бода предност пред Борусија и само една победа во последните две кола му е потребна за одбрана на шампионската титула. А се почна добро за …

Борусија ја губи трката со Баерн Минхен Read More »