Хан му ја честита победата на Пендаровски


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан му ја честиташе победата на новоизбраниот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Честитки до Стево Пендаровски за неговиот избор за претседател на Република Северна Македонија, со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни, напиша Хан.

Хан додаде дека Северна Македонија може да смета на континуираната поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, согласно аспирациите на народот.