Популацијата на деца во Јапонија на рекордно ниско ниво


Популацијата на деца во Јапонија опаѓа 38 години по ред и е на рекордно ниско ниво, соопшти јапонската Влада.

– Бројот на деца помлади од 15 години сега изнесува 15,22 милиони, што е за 1,2 отсто помалку во однос на претходната година, соопшти Националното биро за статистика.

Тоа е најнизок број откако таквите податоци се собираат од 1950 година, се наведува во соопштението.

Со само 12,1 проценти на деца во вкупното население, Јапонија е меѓу земјите со најмала детска популација во земјите со повеќе од 40 милиони жители.