Асен Василев ќе биде суперминистер, но Петков ќе му дише во врат 08/12/2021 12:06 Асен Василев и Кирил Петков Асен Василев ќе стане министер за финансии и вицепремиер задолжен за енергетика и економија, нешто како суперминистер“, изјави Кирил Петков во интервју за Шпигел. Oвој детал за идната структура на можната коалициска влада не е објавен во Бугарија, но минатата недела бил споделен со германскиот магазин. Во интервјуто „Продолжуваме со промените“ новинарот ја нарекува партија.Според Петков, не се тоа, туку „проект за владеење со Бугарија“ кој во судот не е заведен како политичка партија бидејќи немале време за тоа, бидејќи се формирани во септември. „Јас и Асен работиме на принципот на двојна контрола – ниту една одлука не се носи без одобрение на другиот. Тоа делува како форма на контрола и баланс. Се користи терминот проверки и рамнотежи, според кој одредени делови од владата се овластени да ги контролираат и, доколку е потребно, да ги запрат дејствијата на другите; тоа исто така делува како поттик за споделување на власта и таа не концентрирана на едно место“, го објаснува идниот стил на владеење Петков, кој наиде на чудење во Бугарија. Запрашан каде би се ставиле како млада партија на политичкиот спектар, тој одговори: „Не е лесно да нè дефинирате – ние не сме ниту десни ниту леви. И ова е добра работа, бидејќи ако се уште верувате во идеологии, навистина не го користите вашиот мозок“, рече Петков. Но, по инсистирањето на новинарот кој е основниот идентитет на партијата Петков вели: „Можеби сме сосема нова партија, но нашите гласачи можеа да не тестираат Асен и мене како министри во преодната влада. Тие го прифатија нашето противење на корупцијата како ветување. Нашиот заштитен знак мора да биде тоа дека ги одржуваме нашите ветувања. Не можеме да ветиме дека секој може да се збогати, но можеме да им ветиме на граѓаните дека ќе работиме напорно и дека ќе има нулта толеранција за корупција. Немилосрдно ќе го спроведуваме законот. Сакаме да ја трансформираме етикетата за корупција која и е залепена на Бугарија во нешто позитивно – дека ова е земја која го надмина овој проблем“. Но, тој не дава јасен одговор како ѓе се справи со луѓето на Бојко Борисов во администрацијата и специјалните служби. Петков одговара дека од 1989 година на сцената секогаш доминирале истите политички манипулатори и луѓе врзани за пари. „Можеме ли да ги запреме? Ќе видиме“, вели тој. Запрашан дали тој лично поддржува истрага за Борисов и неговата екипа, Петков се огради дека е против повикување на истрага за конкретни лица. „Ние поддржуваме целосно независно и ефикасно судство. Ни треба беспрекорен јавен обвинител. Најдобро е сегашниот доброволно да поднесе оставка“, вели Петков. На забелешката на новинарот дека неговиот оптимизам изгледа „заразно, но и наивно“, тој додаде: „Кој би помислил пред 8 месеци дека ќе победиме на изборите? Ние сме оптимисти, вистина е. Но, повеќето функционери во министерствата не се корумпирани. Станува збор само за неколку луѓе. Треба да се ослободиме од овие неколку скапани јаболка “, вели Петков. Запрашан „колку е цврста демократијата во Бугарија кога партија како вашата победи на избори само неколку недели по нејзиното основање“, Петков одговори дека „добра вест е што на луѓето им е преку глава од сите други“. На прашањето пак зошто Романија, уништена од владата на Чаушеску, денес е економски подобра од Бугарија, одговорот беше „затоа што кај нас субвенциите се лошо менаџирани – тие одат или во приватни џебови или во погрешни проекти, но четирите месеци додека бевме дел од преодната влада економскиот раст беше 10 отсто“. Поврзани содржини Земјотрес од 4,7 степени кај Анталија 13/04/2026 11:04 Шокантна промена во јужен Јадран 12/04/2026 11:04 Словенија: Цените на горивата ќе паднат од вторник 12/04/2026 10:04 Бериша тврди дека 9 земји ја блокираат Албанија во ЕУ, Рама му порача да почека до мај 11/04/2026 10:04 Поранешниот градоначалник на Њујорк стана Албанец 11/04/2026 08:04 Словенечкиот парламент го избра Зоран Стевановиќ за свој претседател 11/04/2026 07:04 И комесарот за човекови права на ОН ја обвини Србија за бруталност 10/04/2026 22:04 Жена се породи на паркинг на бензинска пумпа во Србија 10/04/2026 21:04 Најчитани Новиот граничен премин меѓу Бугарија и Македонија доби „зелено светло“ во Софија 09/04/2026 11:23 Богатите луѓе бегаат од Дубаи, европски град станува нов хит 08/04/2026 09:32 Турција продава 52 тони злато, Русија и Полска размислуваат за слични потези 08/04/2026 17:43 Американци ќе копаат антимон во Македонија, Мицкоски го нуди и „Чебрен и Галиште“ 07/04/2026 12:29 Кога ќе се отвори Ормускиот теснец, проблемите ќе почнат: „Последиците ќе траат со месеци“ 08/04/2026 09:11 Супер Ел Нињо доаѓа. Ќе влијае на времето низ целиот свет 10/04/2026 12:33