Арктички пингвин поминал пат од 3.000 километри до нов Зеланд
Локалните жители биле потполно изненадени откако на Нов Зеланд забележале редок арктички пингвин.
Пингвинот се нашол на брегот на Нов Зеланд откако поминал пат од најмалку 3.000 километри од своето природно живеалиште на Арктикот.
Пингвинот адели, кого Новозеланѓаните го бикаат Пингу, пронајден е на брегот и изгледал потполно изгубено. Го пронашол Хари Синг, додека шетал со сопругата, а првобиртно помислил дека се работи за кадифена играчка.
„Мислев дека е само играчка, но пингвинот ја мрдна главата. Сфатив дека се работи за вистинско животно. Стоеше на едно место цел час и изгледаше исцрпено“, изјавил Синг.
Тој повикал експерти кои се погрижиле за пингвинот и му нашле засолниште, за да го заптитат од предатори. Со прегледот било утврдено дека е дехидриран и послаб отколку што би требало да биде.
Ова е трет случај адели пингвин да дојде на Нов Зеланд, а претходните два пати се забележани во 1962 и 1993 година.