Архивите фрлаат нова светлина врз откривањето на Тутанкамон, 100 години подоцна
11/05/2022 19:38
Златната маска на Тутанкамон, видена овде без брада, беше покриена со парафински восок од фотографот Хари Бартон за да ги замати рефлексиите
Гробницата на древниот египетски крал Тутанкамон во Луксор е едно од најпознатите откритија во модерната археологија.
Новата изложба во Бодлианските библиотеки на Универзитетот во Оксфорд – „Тутанкамон: Ископување на архивите“ – ја одбележува 100-годишнината од откритието на британскиот египтолог Хауард Картер и неговиот тим.
Драматично слики снимени од фотографот Хари Бартон, заедно со писма, планови, цртежи и дневници од архивата на Картер, фрлаат нова светлина врз приказната за 10-годишното ископување на гробницата, која беше првиот познат недопрен кралски погреб од древниот Египет.
Тие, исто така, ја оспоруваат перцепцијата на Картер како осамен херој, истакнувајќи го придонесот на многуте квалификувани египетски работници кои често се занемаруваат.