Аранчини, старо италијанско јадење (ВИДЕО)


Ви пренесуваме прекрасен рецепт од срцето на Сицилија – аранчини

Состојки:

Половина килограм ориз
3 глави кромид
2 моркови
3 стапчиња целер
3 чешниња лук
300 грама мелено месо по избор
150 ml концентрат од домати
моцарела
масло,
вода
сол и бибер
босилек
попан
3 јајца

Подготовка: Направете два филови истовремено: фил од ориз и месо. Направете го филот од црвено месо како за шпагети Болоњезе: пропржете го кромидот, изрендајте го морковот, исечкајте го целерот и сè пропржете. Додадете месо, зачини и сос од домати и оставете убаво да се маринира.

За тоа време во посебна тава ставете малку масло и пропржете малку кромид. Потоа додадете зачини и прелијте околу литар вода. Додадете го измиениот ориз и оставете го полека да се готви. Мешајте повремено.

Кога двата филови се готови, подгответе ги аранчините. Ги подготвувате така што на рака ќе ставите малку ориз, потоа малку фил од месо и неколку коцки моцарела. Се витка во топка, па тоа топче потопете го во јајца, па во презла и пропржете во длабоко масло.

Оставете ги аранчините на хартиена крпа да се исцедат, па послужете.