Арафат Муареми се подновил со возило од 38.000 евра
Управата за финансиска полиција пред Нова Година купила автомобил од 38 илјади евра, пишува СДК.МК. Директорот Арафат Муареми договорот го потпишал со добавувачот на 21 декември, а до Бирото за јавни набавки е доставен на 4 јануари.
Според објавениот договор, цената на возилото без пресметан ДДВ е 32 илјади евра, а со данокот, чини 38 илјади евра. На огласот за јавната набавка имало само една понуда.
Возилото што го купил директорот за институцијата е „Опел инсигнија гранд спорт бизнис елеганс“ 2.0 дизел. Според промотивните материјали на производителот, станува збор за „софистицирано ниво од бизнис класата“, а според спецификацијата со која победил добавувачот, лимузината е со автоматски менувач со 6 брзини.