Апасиев тврди дека над 200.000 Македонци одбиле да се попишат
-Знаете зошто Апостол не казнува за одбивање фалц-попис? Затоа што над 200.000 Македонци досега одбиле да се попишат! Ако почнат да пишуваат казни, ќе има евиденција, а вака нема траг. А според светските статистички стандарди, попис кој го бојкотирале само 2,5% од населението се смета за невалиден. Тоа, во наши услови, значи дека доволно е 50.000 луѓе да одбијат да учествуваат во фалсификатот, и планот за етноинженерингот нема да има меѓународна верификација. Официјалните бројки се лажирани, а само една општина (Аеродром) е на добар пат да го сруши фалсификатот. А тек па другите бојкотирачи низ цела Македонија, напиша Апасиев на фејсбук.