Антикорупциска: Исплатата на лозарите незаконска


Антикорупциската комисија ќе иницира постапка пред надлежните органи за исплатата на 77 милиони денари или 1.250.000 евра на лозарите од Агенцијата за поддршка на земјоделството и рурален развој во период кога се распишани претседателските избори и изборите за градоначлници во три Oпштини. Комисијата на денешната јавна седница го прифати приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, според која, оваа исплата за регулирање на долгот од винариите може да се толкува како поткуп на гласачи.

„Ги разбираме активности на Владата за надоместување на долгот кон лозарите. Но требало да се почитува Изборниот законик и исплатата да не се врши откако веќе биле распишани изборите“, рекоа од ДКСК.