Анкета: ГЕРБ во командна позиција пред изборите во Бугарија


 

Партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов и натаму е неприкосновена на политичката сцена во Бугарија. Барем според анкетите. И последната направена од агенцијата „Алфа рисрч“ ГЕРБ е во водство од речиси осум просентни поени пред коалицијата Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија: 25,4 наспроти 17,5 отсто.

Ова го посочува најновата анкета на „Алфа Рисрч“, спроведена, реализирана со сопствени средства меѓу 1000 полнолетни граѓани. Дата е меѓу оние кои решиле да гласаат.

Социолозите велат дека излезноста би била како и претходните пет избори во последните три години – околу 40 отсто. „Алфа рисрч“ ја спровела анкетата на 1.000 испитаници во периодот 25 април – 2 мај и резултати од неа се само од оние што одговориле дека сигурно ќе излезат на гласање.

Според податоците од анкетата, резултатот на „турската партија“ ДПС и на националистите од Преродба е израмнет 14,9 наспроти 14,6%. Ако изборите се одржат денес листата на партии кои ќе влезат во парламентот завршува со БСП (8,5 отсто) и Има таков народ со 5,3 отсто.

Подолу се води битка меѓу левичарските популистички партии. Солидарна Бугарија би добила 2,6, а Сина Бугарија 2,5 проценти. Панатму е уште една левичарска партија, Левицата, со 1,9 отсто поддршка, па Бугарски подем на поранешниот технички премиер Стефан Јанев со 1,3.

Борјана Димитрова од „Алфа рисрч“ вели дека згуснатиот циклус на одржување избори, кои не доведуваат до сериозна промена на состојбите, а по кои се формираат влади „со краток хоризонт и уште пократка визија“. Тоа е главен фактор што ги спречува луѓето да гласаат.

ГЕРБ речиси ги задржала гласовите од последните парламентарни избори, што е знак на мотивираност и добра организација.