Американец кој посетил 193 земји открива која е најубава: Ја напуштив работата и се преселив тука

Маж од Сан Диего, познат по корисничкото име Рамблин Ренди, посетил 193 земји и открил која ја смета за најубава. Тој бил толку импресиониран што решил да се пресели.
Со оглед на тоа што посетил толку многу земји, на многумина би им било тешко да издвојат само една. Сепак, ова беше лесна задача за него.
„Секогаш ме прашуваат која е мојата омилена земја, а одговорот е толку едноставен за мене затоа што тоа е единствената земја што ме натера да се спакувам, да ја напуштам работата, да оставам сè зад себе и да се преселам тука“, рече тој, според „Мирор“.
Тој живее во градот Ресифе, кој се наоѓа во Бразил. Вели дека малку го потсетува на Мајами Бич.
„Најдов стан, а потоа му кажав на мојот шеф дека ја напуштам работата и се селам во Бразил. Тоа беше еден од највозбудливите периоди во мојот живот“, рече тој.
Бразил е најголемата земја во Јужна Америка. Тој е дом на голем дел од амазонската дождовна шума (околу 60 проценти), а во неговиот северен дел доминира реката Амазон, која е населена со розови речни делфини и пирани, меѓу безброј видови.