Амбасада на САД го менува закажувањето за визи

Американската амбасада во земјава соопшти дека поради промена на системот за закажување за визи, апликантите нема да можат да уплаќаат, закажуваат или откажуваат термини во период од една недела во втората половина од месецов.
На 30 мај 2025 година, Амбасадата на САД во Скопје ќе премине на нов систем за закажување за визи. Помеѓу 19 и 29 мај 2025 година, апликантите за виза нема да можат да вршат уплати за нови административни такси за виза, да закажуваат, презакажуваaт или откажуваaт термини, или да побараат итен термин за виза“, пишува во соопштението од Амбасадата.
Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на амбасадата.