Алкараз води на АТП листата со 880 поени повеќе од Ѓоковиќ
Лондон– Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз по освојувањето на Вимблдон се зацврсти на првото место на АТП листата со 880 бодови пред Новак Ѓоковиќ.
Алкараз има 9.675 бодови, Ѓоковиќ 8.795, додека трет е Данил Медведев со 6.520 бодови.
По нив следуваат Каспер Руд, Стефанос Циципас, Холгер Руне, Андреј Рублев, Јаник Синер, Тејлор Фриц и Френсис Тиафо.