Алкараз призна дека татко му го шпионирал Ѓоковиќ
Лондон- Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз игра одлично во последно време и делува дека ќе биде незапирлив во иднина ако продолжи вака.
Алкараз утре во полуфиналето на Вимблдон ќе игра против Данил Медведев, но неговиот татко веќе заминал да го шпионира Новак Ѓоковиќ, кој е фаворит за титулата.
„Најверојатно е вистина. Мојот татко е голем тениски љубител. Тој не ги гледа само натпреварите кои ги играм јас, туку и на другите тенисери. Доаѓа на теренот во 11 часот, а заминува во 22 часот. Сигурно имал можност да гледа и тренинг на Ѓоковиќ“, вели Алкараз.
Претходно медиумите го нападнаа Алкараз дека намерно го испратил татко му да го шпионира Србинот.
Утре од 14, 30 часот е и полуфиналето меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер (Италија).
Новак се стреми кон освојување на неверојатниот 24-ти најголем трофеј во кариерата во Велика Британија, кој би го израмнил со рекордерката на сите времиња Маргарет Корт.
Српскиот ас го освои Австралија опен, а потоа ја покори Франција и го крена трофејот на Ролан Гарос, а сега е на добар пат да биде најдобар на Вимблдон, што дополнително ќе го престигне Рафаел Надал, кој остана на 22 ГС титули.