Алкараз: Не знам зошто плачев, изгубив од најдобриот на сите времиња
Синсинати- Карлос Алкараз истакна дека синоќа било исклучитело тешко да се игра против Ѓоковиќ во финалето на Мастерсот во Синсинати кое заврши со триумф на српскиот тенисер.
„Уморен сум, но и горд на себе. Навистина не знам зошто плачев, се борев до последната топка и речиси го победив најдобриот на сите времиња. Затоа не знам зошто плачев. Можеби е чудно да кажам, но задоволен сум од тоа што го направив на теренот. Разговарав и со мојот тим, сите имаме такво мислење.
„Тешко е да играте против Ѓоковиќ, секогаш погодува шест-седум добри топки. Цело време се обидував да парирам, меѓутоа беше тешко“, изјави Алкараз.
Прговори и за споредбите со други тенеиски асови.
„Тоа што луѓето велат дека потсетувам на Рафа значи дека сме на добар пат. Убаво е да слушнете од тенисер како Новак дека против мене му биле некои од најтешките натпревари, сите знаеме што постигна зад себе“, изјави шпанскиот тенисер кој е прв на АТП листата, а Ѓоковиќ е втор.