Алкараз го скрши Синер во Индијан Велс. Во финалето ќе игра со Медведев


 

Карлос Алкараз се врати од еден сет минус по тричасовно доцнење со дожд за да ја прекине серијата од 19 победи на Јаник Синер и да избори место во финалето во Индијан Велс. Шпанецот го победи Синер со 1-6, 6-3, 6-2 и со победата го задржа местото светски рекет бр. 2.

Алкараз ја продолжи својата победничка серија на 11 натпревари во Индијан Велс. Шпанецот ќе се сретне со Данил Медведев откако во второто полуфинале светскиот број 4 го победи Томи Пол со 1:6, 7:6 (7:3), 6:2. Пол, 17. носител, го загуби вториот сет на тај брејк пред медицинскиот тајмаут, додека Медведев потоа ја презеде контролата и го доби решавачкиот со 6-2.

Шампионот на Австралија опен, Синер, беше „најжешкиот играч“ на турнеја оваа година и изгледаше подготвен да го добие мечот откако играта продолжи по дождот и го доби воведниот сет од 34 минути.

Но, Алкараз оттаму ја смени тактиката, доаѓајќи повеќе до мрежата и го придвижуваше Синер напред  и назад. Алкараз единствениот брејк од вториот сет го заработи во четвртиот гем со форхенд волеј виннер.

Шпанецот го скрши Синер во третиот и петтиот гем од третиот сет.

„Останав ментално силен и тоа е многу важно“, изјави Алкараз. „Морав да трчам повеќе, да се бранам подобро отколку во првиот сет. Да не грешам. Да останам силен на теренот“.

Синер можеше да го надмине Алкараз и да се најде на второто место на светската ранг-листа со победа, откако победи на 19 натпревари по ред, вклучувајќи 16 по ред оваа година. Но, Италијанецот ја плати цената за 38 неизнудени грешки наспроти 24 за Алкараз, иако Синер имаше повеќе винери 21-19.