Алкараз го освои УС Опен и стана најмладиот број 1 на АТП ранг листата
САД– Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ноќеска го победи Норвежанецот Каспер Руд во финалето на УС Опен со резултат со 3:1, по сетови 6:4, 2:6, 7:6 (7:1), 6:3.
Во меч што траеше 3 часа и 23 минути, 19-годишниот Шпанец имаше 14 аса, три двојни грешки и реализираше 3 брејк топки од 11.
На другата страна, 23-годишниот Норвежанец сервира четири аса, две грешки на вториот сервис и реализира три брејк топки од 10 шанси.
Ова е петта титула за Алкараз во 2022 година, шеста АТП титула во кариерата и прва на Грен слем турнирите.
По оваа победа, Шпанецот е прв светски рекет. Финалистот Руд, направи скок од пет позиции и сега е на второто место, а трет е Надал, додека Русинот Медведев кој рано го заврши настапот на УС Опен од првата падна на четвртата позиција.
Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесуваше 60 милиони долари.
Кај дамите. Полската тенисерка Ига Швјонтек со триумфот во Њу Јорк, и освоениот трет Гренд-слем трофеј, само уште еднаш потврди дека во моментов и нема рамна и дека со право го носи приматот број 1 на ВТА листата.
