Алкараз елиминиран во Казахстан во првото коло
Супер талентираниот тенисер од Мурсија Карлос Алкараз неславно ја почна четвртата недела на самиот врв на АТП листата. Талентираниот тенисер од Мурсија се „лизна“ на стартот на АТП 500 турнирот во Астана, главниот град на Казахстан.
Освојувачот на УС Опен „заринка“ во првото коло во дуелот со Давид Гофан, кој преку квалификациите стигна до главната ждрепка. Алкараз го загуби дуелот со 0:2 (5:7 и 3:6).
Ова беше лекција за младиот шпански тенисер, кој пред почетокот на турнирот го провоцираше Новак Ѓоковиќ со коментарот дека Рафаел Надал е најдобар во историјата.
На овој турнир на 5 октомври ќе стартува и Новак Ѓоковиќ кој во првото коло ќе игра со Чилеанецот Кристијан Гарин.