Јанев е нов директор на БЈБ, Петрушевски нов државен секретар во МВР


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во текот на денешната прва владина седница информираше дека е донесена одлука Александар Јанев да биде избран за нов шеф на Бирото за јавна безбедност (поранешно УБК), или општопознато како тајната полиција.
Јанев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ од техничката влада во 2020, беше началник на Одделот за сузбивање на сериозен и организиран криминал. Во БЈБ ќе го наследи Сашо Тасевски.
На денешната седница на позицијата државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски, вработен во самиот ресор.