Албанија: Работнички протести за достоинствени плати и услови за работа


 Албанските синдикати се обединија во заеднички протест пред владата во Тирана со барање за „достоинствени плати и услови за работа“.

На работниците од различни професии, рудари, просветни работници, здравствени лица, им се придружија и невработени граѓани и пензионери.

Во меѓувреме премиерот Еди Рама од Елбасан каде што денеска беше во посета на компанијата за фероникел „Албкром“ го честиташе Меѓународниот ден на трудот Први мај.

– Честитката ја упатувам до секој работник, со желби за верба, добро здравје и само успеси. Ништо не е невозможно во нашата убава земја, порача Рама.