Аксиос: Деветнаесет американски сојузни држави го тужат Роберт Ф. Кенеди

Вашингтон – Деветнаесет американски држави предводени од демократите, како и Дистриктот Колумбија, поднесоа тужба против секретарот за здравство и човечки услуги на САД, Роберт Ф. Кенеди, обвинувајќи го за оневозможување на клучните функции на здравствената заштита, што довело до намалување на средствата и стручноста што државите ги добиваат од федералната влада, објави Аксиос.
Во тужбата, поднесена во Окружниот суд на Род Ајленд, се тврди дека структурните промени на Кенеди ги спречиле здравствените агенции да извршуваат законски должности, вклучувајќи проценки на опасностите по здравјето на работното место, инспекции за безбедност на храната и превенција од заразни болести.
Адвокатите тврдат дека Институцијата ги крши уставните барања поврзани со поделбата на власта и дека постапките не се во согласност со законите што ги регулираат административните процедури.