Ако Бразил не го исконтролира растот на новозаразени – цел свет е во опасност
Ново предупредување од научниците укажува дека неконтролираниот раст на бројот новозаразени во Бразил може да ја загрози борбата против пандемијата од корона вирус во светот.
Позаразниот П1 сој, отпорен на вакцините, стана доминантен во оваа јужноамериканска држава и нема знаци дека ширењето на заразата може да се успори, наведуваат светските медиуми.
„Таа информација е атомска бомба. Изненаден сум од количината најдени варијанти на вирусот. Јавноста не сфаќа што значи тоа. Сите тие соеви се позаразни и ја забрзуваат епидемијата. Тоа е катастрофа“, вели д-р Роберто Краенкел, биолошки математичар од центарот за Ковид-19 во Бразил за „Вашингтон пост“.
Во Бразил болничкиот систем е раб на колапс, а земјата е далеку од масовна имунизација.
„Ни една држава нема да биде сигурна додека сите држави поединечно не воспостават контрола над растот на новозаразени“, наведува д-р Денис Гарет, потпретседателка за применета епидемиологија на институтот „Сабин вакцина“ во Вашингтон.
„Може да се вакцинираме колку што сакаме и да постигнеме имунитет на стадо, но се додека избивањето на епидемијата е неконтролирано во некои земји, границите за вирусот и понатаму ќе бидат творени. Замјите како Бразил, каде нема рестрикции и каде вирусот е на слобода, прави легло за ширење на нови соеви“, вели Гарет.
Таа истакна дека природниот имунитет на лицата кои веќе го преболеле корона вирусот е помалку отпорен на новите варијанти, и дека се подложни на реинфекција.
„Прашање е на време. Овде во Америка добра вест е што вакцинацијата оди брзо, мора да се обидеме ова да го контролираме, затоа што се чини дека вакцините не делуваат на новите соеви, барем што се однесува на спречување тешки случаи и хоспитализација. Но, нема гаранција, висрупт пребрзо се развива и ако другите држави нешто не преземат, вирусот брзо ќе дојде и овде. Многу е важно сега што прават другите земји по прашањето на мерки и вакцинација“, додава таа.
Како што рече, разбира дека „некои држави сакаат прво да ги вакцинираат своите граѓани, но ако нема еднаква распределба на вакцини, заканата за цел свет постои се додека вирусот во некои држави дивее“, заклучува таа.