Ајакс со нов тренер во новата сезона
Холандскиот фудбалски стратег Џон Ван’т Шип (60) на крајот од сезоната ја напушта клупата на Ајакс, а со раководството на екипата од Амстердам преговара за нова улога во клубот.
Ван’т Шип го објави заминувањето од клупата на Ајакс денеска на прес-конференција во пресрет на неделниот дуел од холандското првенство против Цволе.
„Би сакал да придонесам во иднина, но со поинаква улога. Тоа е долгогодишна соработка, тоа е моја и желба на Ајакс. Останува да видиме во каква улога ќе биде тоа, најави Ван’т Шип, кој го презеде тимот од Амстердам во октомври откако Морис Стајн доби отказ поради лошите резултати.
Ван’т Шип го презеде Ајакс кога клубот се наоѓаше на претпоследното, 17. mесто на табелата, а сега е петтопласиран.
Холандските медиуми пренесуваат дека челниците на клубот се зафатени со избор на нов тренер.