„Airbnb“ бесплатно ќе вдоми 20.000 авганистански бегалци


Авганистански бегалци пред налетот на талибанците се засолнуваат во Кабул

„Airbnb“ планира бесплатно да вдоми 20.000 авганистански бегалци на глобално ниво, објави во вторникот главниот извршен директор Брајан Чески.

„Раселувањето и преселувањето на авганистанските бегалци во САД и на други места е една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време. Чувствуваме одговорност да помогнеме“, напиша Чески во Твитер.

Компанијата ќе плаќа за престојот, но извршниот директор рече дека „великодушноста на домаќини“ помогна оваа акција да се оствари.Чески, исто така, ги повика другите бизниси да помогнат во кризата бидејќи „нема време за губење“.

Компанијата за изнајмување одмор работи со партнери во заедницата, како и со невладини организации и други организации за да ги „поддржи најитните потреби“, додаде ко-основачот на компанијата.