Агент во Кремљ ѝ кажал на ЦИА дека Русија ќе ја нападне Украина
Во својата нова книга „Војна“, легендарниот новинар Боб Вудворд нуди извонреден поглед зад сцената на грубите, вулгарни оценки и интеракции на претседателот Џо Бајден со светските лидери кои го обликуваа неговото претседателствување, од Бенјамин Нетанјаху до Владимир Путин.
„Тој кучкин син, Биби Нетанјаху, тој е лош човек. Тој е лош ебан човек!“ Бајден приватно изјави за израелскиот премиер на еден од неговите соработници во пролетта 2024 година, додека израелската војна во Газа се интензивираше, пишува Вудворд.
„Тој ебен Путин“, им рекол Бајден на советниците во Овалната соба недолго по руската инвазија на Украина, според Вудворд. „Путин е злобен. Имаме работа со олицетворение на злото“.
Вудворд известува дека пред руската инвазија, САД добиле ризница на разузнавачки информации, кои покажале „убедливо“ во октомври 2021 година дека Путин имал планови да ја нападне Украина со 175.000 војници, пишува Си-Ен-Ен, кој ја прегледа книгата пред за излезе во продажба.
„Тоа беше неверојатен разузнавачки удар од круната на американското разузнавање, вклучително и човечки извор во Кремљ“, известува Вудворд. Човечките извори се меѓу најчувствителните во светот на разузнавањето.
„Изгледаше како тајно да влегле во шаторот на непријателскиот командант и биле стуткани над мапите, испитувајќи го бројот и движењето на бригадите и целата планирана низа на инвазијата на повеќе фронтови“, пишува Вудворд.
Додека Бајден и неговите советници се согласија дека планот е „мртов сериозен“, сè уште им беше тешко – и на нивните сојузници – да поверуваат во тоа.
„Тоа е она што Путин планира да го направи“, му рекол директорот на ЦИА, Бил Барнс, на Бајден, според Вудворд.
„Ова би било толку лудо“, одговори Бајден.
„Исусе Христе!“ – изјави Бајден. „Сега треба да се справам со тоа Русија да ја проголта Украина?
Бајден се соочи со Путин со разузнавачките информации два пати во декември 2021 година, прво на видео конференција, а потоа во она што Вудворд го опишува како „жежок 50-минутен повик“ кој стана толку вжештен што во еден момент Путин „го зголеми ризикот од нуклеарна војна во заканувачки начин“.
Бајден одговори со потсетување на Путин дека „невозможно е да се победи“ во нуклеарна војна.
И покрај повеќекратните предупредувања, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја отфрли идејата дека Путин всушност ќе изврши инвазија, дури и откако потретседателката Камала Харис му кажа на состанокот во февруари 2022 година на Минхенската безбедносна конференција дека инвазија е неизбежна.
Харис му рекла на Зеленски дека треба „да почне да размислува за работи како што е да има план за наследување за управување со земјата ако те заробат или убијат или не можеш да управуваш“. По состанокот, пишува Вудворд, Харис рекла дека е загрижена дека можеби последен пат ќе го видат.